Св. Спас — археолошко наоѓалиште во битолското село Братин Дол. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа во и околу сегашната црква „Вознесение Христово“, која е изградена во 1925-26 година, врз темели од постара црква, ѕидана со камен и варов малтер. Околу неа се најдени гробови поставени во правец исток-запад, ѕидани од ситен камен и покриени со монолитни камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Стари Лозја — населба од римско време; Магарешко Мовче — римски пат; Братин Дол Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Братин Дол