Марковата кула, позната и како Турска кула - кула во градот Кавадарци. Кулата е наведена како културно наследство на Македонија. Градба Кулата е градена од камен и малтер. Нејзините ѕидови достигаат дебелина од еден метар. По својата форма, таа е четвртеста и достигнува височина од околу 20 метри. Кулата е на пет ката. Првиот и вториот кат се без прозорци, а на четвртиот и петтиот кат се по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петтиот постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствената врата е на вториот кат и пристапот до неа бил направен со камени скали.

Согласно до 2018 година, поради негрижа, покривот и внатрешната дрвени скалила со текот на времето се оштетиле и денес веќе ги нема.

Историја мини|десно|Марковата кула во османлиско време Историски е познато дека првите градски куќи во Кавадарци почнале да се градат околу Марковата кулаСпоменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980, кон крајот на XVIII век. Постои поделено мислење околу изградбата и адаптирањето на кулата, но таа веројатно е подигната периодот на втората половина на 17 век до XVIII век.

Наводи

Категорија:Кавадарци