Прогон — археолошко наоѓалиште во битолското историско село Букри. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 200 м северозападно од селото, на гребен издолжен во правец североисток-југозапад, каде трактористите од ЗИК „Пелагонија“, уште во далечната 1953 година, со орање откриле гробови градени од камени плочи - тип циста и во нив голем број керамички садови, како и еден шлем од бронза. Во 1954 година Народниот музеј од Битола извршил заштитни ископувања.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Висок Рид — населба од бакарно, бронзено и раноантичко време; Букришки Вис — некропола од железно време; Букри; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Букри