Градски Пат или Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во битолското село Драгарино. Претставува населба од хеленистичко и римско време. Се наоѓа на 300 м источно од селото. По површината на нивите има множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал. Оттука потекнуваат монети од бронза (Коинон Македонон), а според кажувањето на месен жител, најдени се бронзени монети од хеленистичкото време, како и белезици од бронза со краеви што завршуваат во форма на змиска глава. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Коловозник — црква и некропола од средниот век; Драгарино; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Драгарино