Трент () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Географија

мини|лево|Поглед на Либницскиот Залив

Трент се наоѓа во северозападниот дел на Мутланд, средишниот дел на германскиот остров Риген во Балтичкото Море, околу 17 километри северозападно од градот Берген на Риген. Општината на север се граничи со заливите Викер Боден и Брецер Боден, а на исток со заливот Нојендорфер Вик. Мал дел на селото Фрезен, дел од општината, се граничи со заливот Ударзер Вик.

Трент се наоѓа на старата историска трговска патека, која започнувала од Штралзунд и одела до полуостровот Витов.

Општински единици

Во општината влегуваат следниве села: Фишерзидлунг, Фрезен, Ганшвиц, Грозов, Холстенхаген, Јабелиц, Либниц, Трент, Трибкевиц, Вашвиц, Венц и Цубцов.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Населени места на Риген