Шипковско Теќе (наречено и Шипково Теќе или Шипковечко Теќе) — историско село во областа Долен Полог, во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Шипковското Теќе се наоѓало десно од денешното село Шипковица. Селото е иселено и се смета за историско. Административно и катастарски, селото е една целина со селото Шипковица.

На местото на селото постојат куќи, дел од нив и нови, а таму се наоѓаат и руини од поранешното детско одморалиште.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на врвот на една тераса висока околу 780 метри во долината на реката Пена, сместено на нејзината десна страна. Во селото се наоѓа изворот Жабљак.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Теќе, Хисар, Фуше Мад (Големо Поле) и Кштењ (Костени).

Историја

Селото било основано околу едно бекташко теќе, кое било дел од тетовското теќе. Според верувањата, ова теќе било основано околу 1750-тите од страна на некој дервиш Куен-баба, каде и умрел. Теќето било составено од една мала куќа, каде се наоѓал и гробот на основачот. На теќето и гробот нема натписи. Кај ова теќе околните мештани ги доведуваат болните за да оздрават.

Според едни испитувања во 1948 година, селото имало 3 куќи. Луѓето биле муслимани познати како Ибраимовци (уште наречени Исеновци или Шеелери). Тие биле чувари на теќето. Предците на овој род во Шипковско Теќе дошле во средината на век од Дебар.

Во 1948 година, во близина на селото било изградено детско летувалиште.

Стопанство

Мештаните на Шипковско Теќе живеат од земјоделство, сточарство и берат костени.

Самоуправа и политика

Селото се смета како издвоено маало („заселок“) на Шипковица.

Културни и природни знаменитости

Теќиња Којун баба-теќе — теќе во селото

Поврзано Општина Тетово Долен Полог

Наводи

Надворешни врски

† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Шипковица (Тетовско)