Карлос Алберто Валдерама Паласио (роден на 2 септември 1961, во Санта Марта, Колумбија) — поранешен колумбиски фудбалер, играч од средниот ред.
Познат по долгата руса-афро коса, црните мустаќи, заедно со неговата екстравагантна техника со топката, го направиле еден од најпрепознатливите фудбалери на сите времиња. Во неговата кариера, тој двапати ја добил наградата за Фудбалер на годината во Јужна Америка (1987 и 1993). Неговиот прекар бил El Pibe (детето).
Со својата репрезентација има учествувано како капитен на три светски првенства - Италија 1990, САД 1994 и Франција 1998 - за вкупен период од единаесет години (1987-1998). Со 111 настапи, е играчот со најмногу изиграни натпревари за репрезентацијата на Колумбија. Тој станал меѓународно познат во доцните осумдесетти и раните деведесетти. Во март 2004 е додаден на ФИФА 100 списокот на Пеле во која се вклучувени 125-те најголеми живи фудбалери. Исто така, Валдерама ја зазема триесет и деветтата позиција на списокот на најдобрите јужноамерикански фудбалери на дваесеттиот век објавенa од страна на IFFHS, исто така, во 2004.
Животопис Валдерама е оженет и има три деца. Тој во моментов е тренер на фудбалската академија во Клирвотер, на Флорида.
Технички одлики Неговиот стил на игра вклучува широк репертоар на брзи додавања, прв допир и долги топки, како и вешт дриблинг, кој му дозволуваат да ја задржи топката долго во посед. По победата над Аргентина на Копа Америка 1987 бил дефиниран како класичен број десет, кој може да се справи топката со голема прецизност.
Неговиот главен недостаток бил бавноста, но можел да го надомести тоа поради техничките вештини; други слабости му биле ударот со глава и задачите во одбранбената фаза, во која учествувал малку. На теренот многу ретко се покажал како себичен, често обезбедувајќи одлучувачки асистенции за своите соиграчи: обично се поставувал во улогата на плејмејкер, со оглед на неговата визија за играта, извршенита функција на разигрувач, диктирање на темпото на тимот бил и те како полезен за својот тим. Тој играл фудбал спротивен од денешниот, без физичка и атлетска сила кој стануваат сè повеќе и повеќе важни, малку трчање, но маневрирање и циркулирање на топката со брзина и интелигенција.
Клупска кариера Почетоците со Унион Магдалена Откако го поминал детството и адолесценцијата му помагал на неговиот татко на тренинзите во Унион Магдалена и се приклучил на младинскиот сектор во истата екипа, каде бил член во периодот од 1978 до 1980. За првиот тим на Унион Магдалена дебитирал во Првата колумбиска лига на 15 март 1981, кога влегол во игра во 74-тата минута наместото на Карлос Алберто Барето во натпреварот против Индепендиенте Санта Фе, што завршил 1-1. Првото првенство на Валдерама со Унион Магдалена било она во 1981 година кога клубот стигнал до полуфиналната групна фаза (во времето кога турнирот бил структуриран во различни фази по група), каде завршиле на последното место и тоа им предрасудило да останат надвор од конкуренција за титулата. Валдерама го постигнал првиот гол во својата професионална кариера на 12 август 1981 против Депортес Киндио во неговиот 15-ти натпревар. Првиот период во клубот не бил многу позитивен за Валдерама, сепак, заедно со неговиот братучед Диди, уживал во довербата на тренерот Перфекто Родригес.
Следната година резултатите се влошуваат, и Унион е запрен во вториот круг, собирајќи вкупно 18 бода во 21 натпревар во групата. Валдерама го направил своето деби на 3 март против Депортиво Кали, го постигнал првиот гол на 20 мај против Онсе Калдас, а во август за првпат во својата кариера бил санкциониран со црвен картон, во натпреварот со Атлетико Насионал. На крајот на сезоната имал 43 настапи и 2 гола (вклучувајќи 25 настапи со 1 гол во Апертура). Форматот на натпреварување се променил следната сезона, но не се подобрила ефикасноста на тимот. Сепак тоа не му пречело на Валдерама да одигра уште една одлична поединечна сезона во која запишал 36 настапи и постигнал 2 гола. Тој подоцна бил продаден на Миљонариос од Богота, во тоа време тим кој бил еден од главните конкуренти за насловот во првенството на Колумбија.
Миљонариос По пристигнување во клубот од Богота, тој морал да промени многу работи како на пример: климата тука е постудена, најголемиот град и најголемата одговорност. Тренерот Хорхе Луис Пинто му понудил многу можности да игра, иако најчесто започнувал на клупата, но играчот од средниот ред не можеше да го даде својот максимум. Поради тоа клубот одлучил да го стави на продажба. Тука била екипата на Депортиво Кали кој сакале да го купат младиот плејмејкер, и го платиле истиот износ за кој претходно Миљонариос ги натерал челните луѓе на Унион Магдалена да се откажат од неговите услуги, односно десет милиони пезоси.
Депортиво Кали Свеж од малку среќното искуство во клубот од главниот град, Валдерама бил во можност да направи промена во својата кариера со Депортиво Кали, тимот со кој се поставиле темелите на неговата иднина и богатство на европско и меѓународно ниво. Во 1985 на клупата на клубот седнал Владимир Поповиќ, поранешен играч од средниот ред на Југославија, кој многу години работел како тренер во Јужна Америка, а особено во Колумбија. Во првата сезона се родила силна врска помеѓу Валдерама и Бернардо Редин, исто така, играч од средниот ред, двајцата толкувале сличен начин на игра и со упорност и вештина, формирајќи дуо со имагинација. Во првенството, тимот одржувал добри перформанси, толку многу што на крајот на сезоната тој завршил на второто место, само надминат од Америка де Кали што довело до тоа да имаат двајца играчи на списокот на стрелци, Серхио Ангуло со 25 гола и Мигел Гонсалес со 34. Во еден натпревар против Кукута, Валдерама ги постигнал првите два гола (на еден натпревар) во неговата кариера. На крајот на сезоната тој направил 48 настапи и постигнал фантастични 13 гола.
Следната година екипата се вратила на настапите во Копа Либертадорес по пет години отсуство и стојат како еден од главните претенденти за титулата. Предводени од тандемот Редин-Валдерама, во својата најдобра форма во моментот, клубот тој заврши на второто место во групата 2 (а понатаму одел само првиот) зад Америка на Габриел Очоа Урибе, кој им го земале насловот и во првенството втора година по ред. Во неговата последна сезона, Депортиво Кали бил елиминиран во Копа Либертадорес овој пат на пенали со 4-2, а во првенството на Колумбија шампион станал неговиот поранешен тим Миљонариос. По завршувањето на сезоната Валдерама го напуштил клубот.
Доаѓање во Европа: Монпелје и Реал Ваљадолид Во 1988 колумбискиот играч од средниот ред пристигнува во Европа, кога на возраст од дваесет и седум години потпишал за францускиот Монпелје. Всушност тој имал неколку настапи на репрезентативно ниво, и се опоравувал од повреда задобиена во натпреварот во кој имал позитивни перформанси против Англија што завршил со резултат 1-1 на 24 мај 1988 на Вембли. Како последица на натпреварот, англиските весници, пишувале дека Монпелје има "среќа" што обезбедил играч како Валдерама. Иако тој направил фантастично деби постигнувајќи ги двата гола за неговиот тим во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Партизан од Белград, почетокот во Лига 1 не бил најдобaр; тој дошол во Франција надвор од форма, а потоа тренерот на Монпелје Пјер Моска го вади од почетната постава, со што тој останал на клупата. Лоран Блан, тогашниот негов тимски колега, ги припишувал тешкотиите со кои се соочил Валдерама на разликата меѓу колумбискиот-јужноамерикански фудбал и европскиот фудбал, особено на тактички и физички план.
Во 1989 со доаѓањето на новиот тренер Хенрик Касперчак, Валдерама добил постојано место во почетната постава, успевајќи да биде одлучувачки за тимот, како што се случило за време на Купот на Франција 1989-1990 (иако не бил присутен на теренот во финалето), особено во полуфиналето против Сент Етјен. Во 1990 бил продаден на шпанскиот клуб Реал Ваљадолид - за околу четириесет милиони пезети - каде што веќе играле двајца од неговите колеги во репрезентацијата Рене Игита и Леонел Алварез, и тренер бил неговиот поранешен соиграч Франсиско Матурана, кој ја предводел Колумбија на Светското првенство 1990 во Италија. Кратко време по доаѓањето на јужноамериканците, претседателот на тимот ја напуштил својата функција, факт што бил проследен со неколку економски потешкотии внатре во клубот. Откако колумбискиот тренер Матурана неуспеал да избори добри резултати му бил врачен отказ, и со него заминале и другите три сонародници; Индепендиенте Медељин го купува Валдерама за 45.000.000 пезети.
Назад во Колумбија Откако пристигнал во Медељин, Валдерама настапувал за Индепендиенте во колумбиското првенство во сезоната 1992, но клубот разочарал целосно завршувајќи на тринаесеттото место во првата фаза од првенството (не поминале понатаму во борбите за титулата), во кое доминирал и ја освоил титулата тимот на Америка Кали. По завршувањето на првенството 1992, незадоволен од резултатите постигнати во клубот претходната сезона, Валдерама се решил да ја смени клупската средина приклучувајќи му се на Хуниор за сума од 1.200.000 $. Хуниор во претходната сезона стигнал до финалната група, но таму го заземале последното место со 6 порази од 6 натпревари. Сезоната 1993 за Валдерама и неговиот нов клуб започнала успешно бидејќи во првата фаза на турнирот Хуниор завршил како победник, освојувајќи го првото место со два бода повеќе од неговиот довчерашен клуб Индепендиенте Медељин. Во полуфиналната група клубот играл многу послабо отколку во првата фаза, но сепак завршувајќи како втори во групата зад Аталетико Насионал избориле пласман во финалната група, во која покрај овие два тима се нашле и екипите на Индепендиенте Медељин и Америка Кали. На 19 декември 1993, погодокот на Освалдо Мекензи во 89-тата минута против Атлетико Насионал му ја донел првата титула на Хуниор по тринаесет години пост. Така и Валдерама ја освоил својата прва титула во домашното првенство на возраст од 32 години, а неговиот придонес во тоа се состоел од 5 постигнати гола и, пред сè, голем број на асистенции и креативни акции во средниот ред.
Следната сезона, започнала без Валдерама: по убиството на Андрес Ескобар, всушност, популарниот El Pibe најавил повлекување од фудбалот, но два месеци подоцна, тој ја променил својата одлука, благодарение на влијанието на тренерот Комесања. Ситуацијата била непријателски настроена: по елиминацијата на репрезентацијата на Колумбија во првиот круг на Светското првенство 1994, поранешниот идол бил несреќен поради навивачите на различни екипи, кои го обвинувале за неуспехот што се случил во САД. Сезоната на клупско ниво исто така завршила неуспешно со испаѓањето на Атлетико Хуниор во полуфиналната група, поради слабите резултати особено за време на првата фаза од сезоната кога играле без Валдерама. Следната сезона се сменил форматот на натпреварување и тоа очигледно многу повеќе му одговарало на Валдерама кој веќе бил во фудбалски поодминати години. Тој го предводел Хуниор до четвртата титула шампион на Колумбија во историјата на клубот.
Искуството во САД Во 1996, во поглед на создавањето на националното фудбалско првенство, на Фудбалската федерација на САД одлучила, да се балансираат вредностите на тимовите да се обезбеди турнир што е можно повеќе урамнотежен, да се додели на секој од различните тимови четири играчи избрани меѓу најдобрите според некој елементи, кои биле одбрани да играат во новата лига. Како резултат на тоа, Валдерама бил доделен на Тампа Беј Мутини, тимот во кој тој изразил желба да игра, a дебитирал на 13 април 1996 во натпреварот против Њу Ингланд Револушн. Првата сезона на колумбиецот во САД се одликувала со одлична изведба : одиграл 23 натпревари во регуларниот дел од сезоната, постигнувајќи 4 гола и, што е најважно, остварил седумнаесет асистенции, и покрај тоа што бил на возраст од 35.