мини|Ана Костовска во 2022 година. Ана Костовска (Скопје, ) — македонска глумица и пејачка. Се истакнува како глумица со многубројни главни и споредни улоги во претстави од разни продукции, како и во телевизиски и филмски проекти, од кои најпознат е телевизиската серија „Бушава азбука“ во која ги изведувала насловните нумери. Ана Костовска е главниот вокал на култната група од осумдесеттите Бастион, а соработувала со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Рибља чорба, Драгиша Солдатовиќ - Лабиш и други.
Образование и глумечка дејност Во 1985 година Ана Костовска дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, во класата на професорот Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето, таа се придружила кон групата К.П.Г.Т. на режисерот Љубиша Ристиќ, еден од најзначајните европски режисери во тоа време. Глумечкиот занает го изучила од најголемите југословенски театарски творци и дејци и во 1995 година, таа се пселила во Белград, каде продолжила да работи како глумица. Во 2001 година, таа се вратила во Скопје, а 2007 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје.
Музичка кариера Напоредно со глумечката кариера, Ана Костовска активно се занимавала и со музика, пред сè како глумец кој пее, но музицира и Rock and roll, Jazz, Pop rock и етномузика. Главен вокал е на култната група од `80 те „Бастион“, соработувала со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, пратечки вокал на песната „Проклето сам“"Проклето сам" од Рибља Чорба, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.
Поважни театарски улоги Оговарање, р. Љубиша Ристиќ, Будва - град театар, 2007 Конзулска времена, од Иво Андриќ, р. Љубиша Ристиќ, Звездара театар, 2008 Лавинија – Тит Андроник, од Шекспир, р. Д. Јовановиќ Ен Хатавеј - Everything and nothing, од Борхес, р. К. Челан Маргарита - Ричард трети, од Шекспир, р. Љубиша Ристиќ Регана - Крал Лир, од Шекспир, р. Љ. Ристиќ Хермија - Сон на летната ноќ, р. Љ. Ристиќ Аркадина - Галеб, од А. П. Чехов, р. Ј. Радивоевиќ Гертруда – Хамлет коментари, по Шекспир, р. Ф. Гаиќ Клеопатра – Антонио и Клеопатра, од Шекспир, р. Ф. Гаиќ Мама Иби – Крал Иби, од Алфред Жари, р. Харис Пашовиќ Јулија – Госпоѓица Јулија, од Избен, р. Сашо Миленковски Понсија – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ Ана Франк – Ана – една приказна, р. Ѕвездана Ангеловска Електра – Електра, од Софокле, р. Елени Боса Животинска фарма, од Орвел, р. Владимир Милчин Рамна земја, МНТ Непушач, р. Б. Брезовац Анита Бербер, р. Н. Кокотовиќ Bloody Mary, р. Љ. Ристиќ, Г. Ленѓел, Р. Шербеџија Антигона Тартиф, од Молиер, р. Љ. Ристиќ Дон Жуан, од Молиер, р. Љ. Ристиќ Миса во А-мол, по Данило Киш, р. Љ Ристиќ Кузман Капидан, од Глигор Прличев, р. Сашо Миленковски Тапани во ноќта, од Б. Брехт, р. Саша Габриќ Купдона, р. Срѓан Јаниќиевиќ Зенит, р. Драган Живадинов Сараевски приказни, р. Ф. Гаиќ
Филмографија Костовска ги остварила филмските улоги: Виновник, режија Зоран Младеновиќ, 1983 Танго – тажна мисла која се танцува, режија Пуриша Ѓорѓевиќ Бушава азбука, режија Слободан Унковски, 1985 Ѕвездите на `42, режија Јане Петковски, 1987 Големата вода, режија Иво Трајков, 2004 Контакт, режија Сергеј Станоевски, 2005 Бал-кан-кан, режија Дарко Митревски, 2005 Сенки, режија Милчо Манчевски, 2007 Славица - Јас сум од Титов Велес, режија Теона Митевска, 2007 Беса - р. Срѓан Карановиќ, 2010 Стамена - До балчак, режија Столе Попов, 2014 Жена со јајца - Ослободување на Скопје, режија Раде Шербеџија, 2016 Продавачка во продавница - Кога денот немаше име, режија Теона Митевска, 2017 Милка - Чевли, режија Бранко Котески, 2017 Весна - Врба, режија Милчо Манчевски, 2019 Најсреќниот човек на светот, режија Теона Митевска, 2022 Збогум, Копакабано, режија: Милчо Манчевски, 2026 Слатката горчина на зрелите калинки, режија: Андреј Волкашин, 2026
Награди и признанија Награда на новинарите за најдобра женска улога – Мајката Иби во претставата „Крал Иби“ во режија на Харис Пашовиќ на Битеф, Белград во 1994 година. Награда 10 Festival du Cinema Europeen en Essonne, Prix d`interpretation feminine 2008 pour l efilm JE SUIS DE TITOV VELЕS de Teona Mitevska
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски пејачи Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје