Старо Село — археолошко наоѓалиште во битолското село Жабени. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, веднаш покрај патот Битола-Лерин, од неговата источна страна, каде во рамнината се издига тумба со неправилна кружна основа од 200 × 220 метри. Со земјоделските работи горните слоеви се испревртени така што на површината се среќава множество фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Старо Жабени — средновековна населбаЈован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998; Жабени; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Жабени