десно|300п|мини|Карта на Ламанш и Доверскиот Проток мини|десно|Карта на тунелот „Довер-Кале“ Ламанш () или Англиски Канал () — проток на Атлантскиот Океан кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција и го спојува Атлантскиот Океан со Северното Море. Долг е околу 563 км, а широк околу 240 км. Доверскиот Проток е најјужниот дел на каналот, кој е широк само 34 км (од Довер до ’ртот Гри Не) и се наоѓа на најисточниот дел на преминот. За време на Римското Царство, преминот се нарекувал Oceanus Britannicus, а до 1549 година, „Британско Море“.

Ламанш отсекогаш бил природна одбрана од надворешни напади, меѓу другите и од Наполеон I и Германија за време на Втората светска војна. Преку Ламанш се одвивале повеќе инвазии (римското освојување на Британија, норманските освојувања и десантот во Нормандија).

Каналот е релативно плиток, со просечна длабочина од околу 120 м на најширокиот дел па сè до 45 m во делот меѓу Довер и Кале. Каналските Острови се наоѓаат во теснецот, поблиску до францускиот брег.

Во 1994 година под Ламанш е ископан железнички тунел долг 50 километри, што претставува вториот по должина железнички тунел во светот. Овој тунел, наречен „Евротунел“, ги спојува Черитон во Англија и Кале во Франција, а возовите кои минуваат низ него најчесто се на релација Лондон - Париз - Брисел.

Население Каналот е густо населен на обата брега. Најважните пристанишни и одморалишни градови вкупно имаат преку 3,5 милиони жители. Најзначајни градови долж каналот (по надолен големински редослед) се следниве:

Англија мини|Приморскиот дел на Брајтон мини|Борнмут мини|Авр и приморјето мини|Утврдениот град Сен Мало, некогашно упориште на гусарите-корсери мини|Капела на испосникот Хелиер во Сент Хелиер, Џерси Брајтон–Вординг–Литлхемптон: 461.181, составен од: Брајтон: 155.919 Вординг: 96.964 Хоув: 72.335 Литлхемптон: 55.716 Лансинг–Сомптинг: 30.360 Портсмут: 442.252, вклучувајќи го Госпорт: 79.200 Борнмут и Пул: 383.713 Саутхемптон: 304.400 Плимут: 243.795 Торбеј (Торки): 129.702 Хејстингс–Бексхил: 126.386 Истборн: 106.562 Богнор Реџис: 62.141 Фолкстон–Хајд: 60.039 Вејмут: 56.043 Довер: 39.078 Ексмут: 32.972 Фалмут–Пенрин: 28.801 Рајд: 22.806 Сент Остел: 22.658 Сифорд: 21.851 Фалмут: 21.635 Пензанс: 20.255

Франција Авр: 248.547 Кале: 104.852 Булоњ: 92.704 Шербур: 89.704 Сен Брије: 85.849 Сен Мало: 50.675 Ланион–Перо Гирек: 48.990 Дјеп: 42.202 Морле: 35.996 Динар: 25.006 Етапл–Ле Туке: 23.994 Фекан: 22.717 Е–Ле Трепор: 22.019 Трувил на Море–Довил: 20.406 Берк: 20.113

Каналски Острови Сент Хелиер, Џерси: 28.310 Сент Питер Порт, Гернзи: 16.488 Сент Ен, Олдерни: 2.200 Сарк: 600 Херм: 60

Надворешни врски

Oceanus Britannicus - Британско Море Пливачи на Ламанш Здружение за препливување на Ламанш

Категорија:Протоци на Британските Острови Категорија:Протоци во Франција Категорија:Протоци во Европа Категорија:Протоци во Атлантскиот Океан Категорија:Северно Море Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Мориња во Европа Категорија:Британско-француска граница