Општинска фудбалска лига - Радовиш — општинска фудбалска лига во која се одвиваат фудбалски натпревари, од четврти ранг по квалитет, во Општина Радовиш. Лигата е раководена од Општинскиот фудбалски сојуз Радовиш.
Историја
После 15 години неодржување на натпревари во општинската лига, во 2013 со голема поддршка од Општина Радовиш и градоначалникот Сашко Николов, а во организација на „Општинскиот фудбалски сојуз“, повторно се возобнови „Општинската фудбалска лига - Радовиш“.
Екипи
Во Општинската фудбалска лига - Радовиш во натпреварувачката сезона 2013/14 – биле пријавени 6 екипи, официјално регистрирани и пријавени во ФФМ како фудбалски клубови.
Екипи кој се натпреваруваа во сезоната 2013/14:
ФК Плачковица - Радовиш ФК Извор Сениори - Калуѓерица ФК Бунарџик - Бучим ФК Готен - Подареш ФК Бобовец - Ињево ФК Изведен - Ораовица
Организациска структура
Претседател: Васко Стевчев Потпретседател: Коцев Донче Комесар на натпреварувањето: Коцев Донче Членови на Управен Одбор: Васко Ставчев, Коцев Донче (ФК Изведен - с.Ораовица), Коцев Ванчо (ФК Јака - Радовиш), Стоилов Златко (ФК Плачковица - Радовиш), Китанов Блажо (ФК Извор Сениори - с.Калугерица), Шезаи Јашар (ФК Бунарџик - с.Бучим), Игор Чапов (претставник на општина Радовиш), Гонев Живко (ФК Бобовец - с.Ињево), Тушевски Васко (ФК Готен - с.Подареш). Судиска комисија: Ефремов Живко (претседател) Секретар: Ненад Шукриев
4