Лук Дарбриџ (; р. ) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Дарбриџ е специјализиран за поединечен хронометар, друмски трки и повеќе велодромски дисциплини.

Откако станал национален хронометарски првак во 2012 година, Дарбриџ ги освоил обете титули во 2013, хронометарот и друмската трка. Со тоа станал првиот возач, кој ги обединил титулите во една година на професионално ниво, Џонатан Хал претходно ги освоил обете титули во 1997, но не на елитно ниво.

Рана кариера

Започнал со велосипедизам на 14 години, настапувајќи и во триатлони. Во 2009 станал светски јуниорски хронометарски првак на Светски друмски првенства под 19 години во Москва, Русија, притоа освојувајќи го златото и во медисон на Светското јуниорско велодромско првенство истата година. Во 2010 станал најмладиот освојувач на медал на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.

Професионална друмска кариера

Дарбриџ се приклучил на екипата за сезоната 2012, што се поклопила со неговото исфрлање од австралиската велодромска екипа. По освојувањето на националното хронометарско првенство под 23 години во 2011, Дарбриџ станал национален хронометарски првак во јануари 2012, победувајќи го колегата и двократниот првак, бранител на титулата, Камерон Мајер за скоро седум секунди. Неговата прва професионална победа се случила во април 2012, освојувајќи го генералниот пласман на Сиркут де ла Сарт и покрај тоа што бил оставен само со двајца колеги за последната етапа. Во јуни неочекувано победил на прологот на Критериум ди Дофине, победувајќи го Бредли Вигинс и светскиот хронометарски првак Тони Мартин. Подоцна, завршил петти на Енеко Тур пред да го освои својот втор генерален пласман во таа година на трката Тур ду Поату-Шарент.

Во 2021 година, Дарбриџ возел на олимписката друмска трка за првпат на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде завршил на 72. место.

Достигнувања

2008 Светски јуниорски велодромски првенства 1. 20п Екипна потера 3. 15п Бодовна трка 1. 15п Екипна потера, Светски велодромски куп 2008–09 2009 Светски јуниорски велодромски првенства 1. 20п Медисон 2. 15п Екипна потера 1. 20п Светско јуниорско хронометарско првенство 1. 15п Екипна потера, Светски велодромски куп 2009–10 1. 20п Екипна потера, Национални велодромски првенства Национални јуниорски друмски првенства 1. 20п Поединечен хронометар 4. Друмска трка 2010 1. 20п Краен пласман Мерси Вали Тур 1. Пролог (ITT) 1. Меморијал Давиде Фардели 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија под 23 години 2. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години Национални велодромски првенства 2. Екипна потера 2. Бодовна трка 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 3. 15п Хронометар на Комонвелтските игри 3. Хроно Шампеноа 2011 1. 20п Светски велодромски првенства - Екипна потера 1. 20п Светско хронометарско првенство под 23 години 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. 20п Национални велодромски првенства - Бодовна трка 1. Хроно Шампеноа 3. Меморијал Давиде Фардели 7. Краен пласман Трка Олимпија 1. Пролог 1. Етапа 5 (ITT) 2012 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Сиркут де ла Сарт 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 (ITT) 1. 20п Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 4 (ITT) 1. Пролог Критериум ду Дофине 1. Дуо Норманд (со Свен Тафт) 3. 15п Светско хронометарско првенство 5. Краен пласман Енеко Тур 1. Етапа 2 (ТТТ) 7. Краен пласман Три дена Де Пане 2013 Национални друмски првенства 1. 20п Друмска трка 1. 20п Хронометар 1. Дуо Норманд (со Свен Тафт) 1. Заливска класична серија 1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт 2. 15п Светско хронометарско првенство 6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 7. Краен пласман Три дена Де Пане 2014 Друмски првенства на Океанија 1. 20п Друмска трка 8. Хронометар 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 2. 15п Светско првенство во екипен хронометар 2. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Три дена Де Пане 9. Хронометар на Комонвелтските игри 2015 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 4. Национално хронометарско првенство 7. Краен пласман Три дена Де Пане 2016 1. Дуо Норманд (со Свен Тафт) 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 6. Краен пласман Три дена Де Пане 2017 1. Етапа 3b Три дена Де Пане 2. Национално хронометарско првенство 4. Дварс дор Вландерен 4. Е3 Харелбеке 6. Страде Бјанке 2018 2. Национално хронометарско првенство 20п Награда за борбеност на етапа 18 на Тур де Франс 2019 Национални друмски првенства 1. 20п Хронометар 4. Друмска трка 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка 2020 Национални друмски првенства 1. 20п Хронометар 4. Друмска трка 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка 2021 1. 20п Краен пласман Сантос Фестивал на велосипедизмот 1. Етапа 1 2. Национално хронометарско првенство 6. Краен пласман Трка околу Бенелукс 2022 2. Национално хронометарско првенство 3. 15п Светско првенство во мешан екипен хронометар

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро142СО109———78——— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—122151112СО118109—100СО 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелтане настапил во текот на својата кариера

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Олимписки велосипедисти на Австралија