Ана Стојаноска (, ) - македонска писателка, есеистка и професорка.

Образование

Дипломирала во 2001 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, магистрирала во 2003 година, и докторирала во 2007 година театрологија на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Од март 2002 година, таа работела како хонорарен соработник - истражувач во Институтот за театрологија, при Факултетот за драмски уметности – Скопје. Подоцна, таа била координатор – истражувач на истиот институт. Во септември 2003 година, таа била на студиски престој/специјалистичка активност во Музејот на театарската уметност на Србија во Белград, област: театарска музеологија.

Професионална кариера

За помлад асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности – Скопје била избрана во април 2004 г. Од април 2010 година била избрана за доцент по истиот предмет, а во 2011 година и за предметот компаративна книжевност. Од учебната 2012/2013 година го предавала и предметот историја на светска драма и театар.

Член е на Здружението за компаративна книжевност на Македонија и член на Програмскиот одбор на Македонскиот ИТИ – УНЕСКОМК ИТИ – УНЕСКО.

Творештво Ана Стојаноска објавувала поезија, проза и есеистичко-научни трудови од областа на театарот, родовите студии и книжевно-критичката теорија во македонската и странската книжевна периодика. Активно соработува во редица настани од театарската музеологија во земјата и надвор.

Во текот на 2004 година објавувала рецензии за театарски претстави во дневниот весник „Дневник“.

Еден од авторите е на Поимникот на книжевна теорија, објавен во 2007 година од МАНУ. Приредувач на делoвите Факти и еден од соавторите на монографиите на Илија Милчин во 2003 година и на Петре Прличко во 2004 година.

Автор на монодрамата „Стаклен лампион“, и на книгата Македонски постмодерен театар, издадена од ФДУ во 2006 г.

Иницијатор, координатор и еден од главните уредници на списанието „Ars Academica“, што заеднички го објавуваат Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Награди 2017 - Награда „Рациново признание“ за „Јас и Лин, отпосле“ 2020 - Награда „Антево перо“ за „Потпис: Трепетлика“

Наводи

Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Профеосри на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Доктори на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Антево перо“