Крклино — археолошко наоѓалиште во битолското село Крклино. Претставува осамен наод од железно време . Во 1957 година од претпријатието „Отпад“ во Битола бил откупен меч од бронза од типот „Ербенхеин“, кој потекнувал од непознато наоѓалиште во атарот на селото.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Врчва — населба од средниот век; Крклински Ливади — населба од римско време; Падарница — некропола од римско време; Крклино; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Крклино