Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Лажец. Претставува населба од неолитско време . Се наоѓа на североисточната периферија на селото, во ливадите покрај брегот на Лажовска Река. Делумно е оштетена при копање на ровови и скривници во времето на Првата светска војна, па така во основата има пречник од 40 × 40 м и височина од 2,20 м. На површината се гледаат фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Лажец; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Лажец