Калуѓери — археолошко наоѓалиште во битолското село Лопатица. Претставува црква од среден век. Се наоѓа на околу 2 км североисточно од селото, на падините на Бигла, каде според кажувањата на жителите, имало манастир. На теренот се гледаат грамади од камења и градежен материјал, а најдена е и стрела долга 10 см. Наодот се чува кај жител од селото.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Коритница — некропола од римско време; Ограда — населба од доцноантичко време; Долни Леоник — — црква од средниот век; Во Селото — осамен наод од римско време; Лопатица; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Лопатица (Битолско)