мини|десно|250п|Вич (Нередска Планина) — северна граница на Пополието. мини|десно|250п|Поглед на Бобишта со Горенска Планина кај Сињак — јужна граница на Пополието. мини|десно|250п|Поглед на Тиолишта од Сетома.
Пополе или Пополие (, Пополи) — историско-географска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Ги опфаќа селата на север и исток од Костурското Езеро, меѓу планините Вич од север и Горенска Планина (продолжение на Сињак) од југ.
Историја Познато е дека во втората половина на XIII век областа Пополија имала статус на катепанат, по раситнувањето на оваа некогаш крупна управна единица на византиската држава под власта на династијата Палеолози.
Населени места Во Пополието влегуваат 22 населени места во Костурско, од кои денес 20 се во општината Костур, а 2 во општината Рупишта. Понекогаш во областа се вбројува и селото Мокрени од општината Суровичево, Леринско.Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 317.Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 7.
+ Населени места во ПополиетоНаселено местоГрчки називНаселение(2011)МестоположбаНаселени места во Општина КостурБобиштаΒέργαБлацаΟξυάБ’мбокиΣταυροπόταμοςВишениΒυσσινιάГоренциΚορησόςДупјакΔισπηλιόЗагоричаниΒασιλειάδαКондоробиΜεταμόρφωσηКрпениΚρεπενήКуманичевоΛιθιάЛичиштаΠολυκάρπηМавровоΜαυροχώριНов ЧифликΧλόηОлиштаΜελισσότοποςСетомаΚεφαλάριТиолиштаΤοιχίοФотиништаΦωτεινήЧерешницаΠολυκέρασοςЧуриловоΆγιος ΝικόλαοςШестевоΣιδηροχώριНаселени места во Општина РупиштаЗдралциΑμπελόκηποιСлимништаΜηλίτσαНаселени места во Општина Суровичево (понекогаш) МокрениΒαρικό
Поврзано Корешта Костенарија Горенска Планина Костурско Поле
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Егејска Македонија Категорија:Костур (округ)