мини|Плоштад во Алушта Alushta (руски и ; ) — град на јужното крајбрежје на Република Крим, Русија. Основан е во VI век од византискиот цар Јустинијан I, а денес е одморалиштен град. Сместен е на брегот на Црното Море, по патниот правец од Гурзуф за Судак, како и на линијата „Кримски тролејбус“.
Подрачјето на Алушта се одликува со карпест терен поради близината до Кримските Планини. Има остатоци од византиска одбранбена кула и џеновска тврдина од XV век, од која води потекло самиот град. Во византиско време градот се нарекувал „Алустон“, а подоцна Џеновјание го нарекувале „Луста“. Делото „Кримски сонети“ на Адам Мицкевич е посветено на Алушта.
Во 1910 г, во Алушта живееле 544 Евреи, или околу 13% од населението. Во 1939 г. се свеле на 251 човек, сочинувајќи само 2,3% од гадот. Во 1941 г. Германците го окупирале градот и ги истрелале сите Евреи, заедно со комунистите и партизаните.
Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.
Збратимени градови Алушта е збратимена со следниве градови: Санта Крус, САД Ѓержоњув, Полска Енекоски, Финска Јурмала, Латвија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Крим