Свети Петар и Павле — македонски православен храм во скопското село Брњарци. Сместена е веднаш над последните куќи над самото село и кога се оди од подалеку или се вози по обиколницата над селото се забележува и препознатливо доминира белата купола на селската црква. Според податоците напишани на информативната табла на сретселото, црквата била изградена во 1950 година на местото каде што дотогаш постоел камен крстТрифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.21. Старата црква била мала и изградена од камен, поради што обновата, проширувањето и реновирањето започнале во 1999, а биле завршени во 2002 година. Црквата била реновирана од сопствени средства и други донации од жителите на селото и околните селски населби. Во тек е изработката на иконостасот и завршување на цртањето на фреските. По повод Петровден - патрониот празник кој е и селска слава на Брњарци, во дворот на црквата се одржува општ народен собор со културно-уметничка програма.

Наводи

Брњарци Категорија:Брњарци Категорија:Македонската архитектура во 2002 година