Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на растојание од околу 1,5 км источно од селото и на 800 м западно од асфалтниот пат Битола-Лерин, каде во рамнината се издига тумба висока 2,5 м и со пречник во основата од околу 150 м. Во 1953/54 година Народниот музеј од Битола, под раководство на Миодраг Грбиќ и со учество на група соработници, извршил систематско ископување во централниот дел на тумбата. Значајно е откривањето на остатоци од лепеж од ѕидови на трапезоидна куќа и множество подвижен археолошки материјал од кој се издвојуваат керамичките садови, антропоморфната и зооморфната пластика и посебно жртвениците - макети на куќи со антропоморфни цилиндри. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бара Тумба — населба од неолитско време; Дупки — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Школо — наоѓалиште од непознат тип и период; Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период; Породин; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Породин