Леон Бенко (; р. 11 ноември 1983 година) — хрватски фудбалер, напаѓач на Вараждин.
Кариера Клупска кариера Вартекс Бенко ја започнал својата кариера во екипата на Вартекс, на кој му се приклучил во 1991 година на возраст од 8 години. Во јули 2003 година потпишал професинален договор со клубот. Во својата втора сезона веќе станал еден од најважните играчи на клубот и помогнал Вартекс да се квалификува за Интертото купот.
Нирнберг На 23 мај 2006, Бенко потпишал три-годишен договор со германскиот Бундеслигаш, Нирнберг. Своето деби во Бундеслигата го направил на 12 август 2006, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 86-тата минута на местото на Роберт Витек во победата со 3-0 над Штутгарт на гости.Штутгарт-Нирнберг 0-3 Во својата прва сезона имал големи проблеми со повреди поради што одиграл само 9 натпревари (7 во првенството и 2 во купот) и сите влегувајќи како замена. Исто така поради повреда не бил во можност да игра во финалето на купот на Германија, кое неговите соиграчи го добиле со победа повторно над Штутгарт со 3-2.
Во втората сезона во клубот Бенко имал многу мала минутажа. Единствено за одбележување е неговиот прв и единствен погодок во дресот на Нирнберг, постигнат на 29 ноември 2007 во натпревар од Купот на УЕФА против рускиот Зенит што завршил 2-2.
Стандард На 4 август 2008, потпишал за белгискиот Стандард. Во својата единствена сезона во клубот страдал од повреда и одиграл само 14 првенствени натпревари на кој постигнал само еден гол.
Кортрајк Сезоната 2009-10 ја поминал во редовите на друг белгиски тим, Кортрајк. На 32 првенствени натпревари постигнал 5 гола.
Славен Белупо На 29 јануари 2011 година, Бенко потпишал договор на една и пол година со Славен Белупо. Во својот прв натпревар за Славен, тој постигнал гол во поразот со 2-1 од Сплит. До крајот на сезоната тој направил уште десет настапи за клубот и постигнал осум гола во процесот. Тој ја отворил новата сезона постигнувајќи гол против ФK Загреб во првото коло во јули 2011 година. Тој постигна седум гола во хрватската прва лига и додал 3 асистенции до средината на сезоната, кога тој го напуштил клубот и заминал во екипата на Ал Фајсали во Саудиска Арабија.
Ал Фајсали Во Арабија започнал добро, постигнал 5 гола на 9 натпревари, но по завршувањето на сезоната одбил да ја продолжи соработката и се враќа назад во својата родна Хрватска.
Риека Пред почетокот на сезоната 2012-13, Бенко потпишал за екипата на Риека. Тој бил најдобар стрелец за сезоната во хрватската прва лига постигнувајќи 18 гола во 30 настапи.
Следната сезона 2013-14, Бенко постигнал многу важни голови за Риека во квалификациите за Лига Европа против Престатин Таун и Штутгарт. Риека стигнала до групната фаза во ова натпреварување, но во конкуренција со Реал Бетис, Лион и Виторија Гимараеш го зазема последното место. Бенко постигнал еден гол во групната фаза против Бетис на домашен терен.
Даљен Аербин На 24 февруари 2014, Бенко потпишал за кинескиот клуб Даљен Аербин. Своето деби за клубот го имал на 8 март на гостувањето против Хангжу Гринтаун во натпревар што завршил 1-1. Својот прв гол во Кина го постигнал на 22 март, во ремито 2-2 во гости против Хенан Џианје.Хенан Џианје-Даљен Аербин 2-2
После само три месеци во клубот го раскинал договорот поради неисплатени плати.* http://www.novilist.hr/Sport/Nogomet/Leon-Benko-Nemam-se-namjeru-nikome-nuditi-u-Rijeci-sve-znaju
Сараево На 12 септември 2014, како слободен играч потпишал договор со Сараево.
Титули Нирнберг Куп на Германија : 2006-07. Стандард Белгиска Прва дивизија : 2008-09
Хет-трик Својот прв и единствен хет-трик во кариерата Леон Бенко го забележал на 18 јули 2013 (на возраст од 29 години), постигнувајќи 3 гола во убедливата победа на Риека на домашен терен со 5-0 над Престатин Таун, велшкиот претставник во Лига Европа во сезоната 2013-14.
Натпревари во кој постигнал хет-трик
Наводи
Надворешни врски Леон Бенко на soccerway Леон Бенко на Transfermarkt Леон Бенко на Goal.com Леон Бенко на espn
Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Нирнберг Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалери на ФК Риека Категорија:Фудбалери на ФК Даљен Аербин Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година