Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Стрежево. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 4800 м северно од селото, на височинка што доминира над десниот брег на реката Шемница, каде при заштитното ископување извршено во 1979 година од Заводот и музеј во Битола се пронајдени остатоци од утврдена населба, некропола и старохристијанска базилика со мозаичен под. За одбележување е наодот од богато депо на железни орудија, како и монети од Јустинијан. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Долна Црква — црква и некропола од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Пусти Манастир — наоѓалиште од непознат тип и период; Стрежево; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Стрежево