Гордана Јанкулоска ( во Охрид) — македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На функцијата стапила на 27 август 2006 и ја извршувала до 12 мај 2015 година, кога поднела оставка.
Образование Дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Обединетото Кралство, со диплома од највисок ранг на насоката меѓународно деловно право. Во јули 2004 година Правниот факултет при Универзитетот Кент ѝ ја доделил Наградата за посебни достигнувања во областа на правото.Образование
Работно искуство Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни установи, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари); шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.Биографија и кариера
Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија.
Други функции Јанкулоска исто така била претседател на Управните одбори на Национална Платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот Регистар ; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација.
Во 2018 година Гордана Јанкулоска била осудена на шест години затворска казна за злоупотреба на службената положба за случајот „Тенк“, односно за спорната набавка на мерцедесот од над половина милион евра.6 години затвор
На 1 ноември 2023 година била ослободена од затворот Идризово, една година пред завршувањето на казната.На слобода од 1 ноември
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Охрид Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Кентскиот универзитет Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија