Трновско Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Трновци. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на околу 1 км северозападно од селото, на мала височинка со елипсовидна основа и со димензии од 100 × 30 м, каде се гледаат контури на бедем широк 2,5 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и кршен камен. Во доцните 80-ти години на XX век локален селанец пронашол бронзена белезица со стилизирани змиски глави.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Селиште — населба од римско време; Дапче — некропола од средниот век; Герамидница — населба од доцноантичко време; Трновци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трновци