Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Црнобуки. Претставува населба од неолитско и бакарно време. Се наоѓа на околу 3 км источно од селото и на 150 м северно од реката Шемница. Има кружна основа со пречник од околу 150 м и височина од 4-4,5 м. Населбата е делумно оштетена од експлозиите на собраната муниција од Првата светска војна. Во 1974 година се извршени сондажни археолошки ископувања при што се пронајдени 4 хоризонти на живеење, а откриен е и богат археолошки материјал: керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Варварица — некропола од доцноантичко време; Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Гулев Рид — населба од римско време; Св. Димитрија — осамени наоди од римско време; Самовилец — населба од железно време; Под Селото — населба од римско време; Црнобуки — депо на монети од средниот век; Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Црнобуки; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Црнобуки