Маноло Габијадини (роден во Калчинате, 26 ноември 1991) — италијански фудбалер, напаѓач на .

Животопис Тој е помлад брат на Меланија Габијадини, напаѓач на Бардолино и женската репрезентација на Италија.

Технички одлики Комплетен напаѓач со добра физичка сила и голема брзина кои може да играат на различни позиции. Неговиот прекар е "Лоци". Тој има одличнo чувството за простор, и убиствена лева нога со која ги постигнал поголемиот дел од своите голови.

Кариера Деби во Серија А со Аталанта Роден во околината на Бергамо, раснел играјќи фудбал во младинските категории на Болгаре а подоцна и во оние на Аталанта, од каде бил отстапен прво на Палацоло (2006-2007), а потоа и на Монтикјари (2007-2008) пред сè врати во Бергамо, каде што тој дебитирал во Серија А со црно-синиот дрес на 14 март 2010, на возраст од 18 години и четири месеци, заменувајќи го во второто полувреме Симоне Тирибоки во натпреварот кој Аталанта го загубила со 1-0 од Парма. Сезоната ја завршил со само 2 настапи и со испаѓање на клубот од Бергамо.

Сезоната во Читадела На 9 јули 2010 е официјализиран неговиот премин на заем во Читадела, заедно со соиграчот Даниеле Гаспарето во размената, што го довела во Бергамо напаѓачот Матео Ардемањи. Тој го направил своето деби за новиот клуб на 14 август во натпреварот од италијанскиот куп против Верона. Во првенството дебитирал во првото коло од првенството против Портогруаро (пораз со 2-0). На 29 ноември 2010, го постигнал својот прв професионале гол во натпреварот против Модена на Алберто Браља.

Во текот на сезоната за венецијанскиот клуб собрал 27 првенствени настапи, и реализирал 5 гола. Тој исто така бил избран од страна на Sky, заедно со 32 други играчи, во гласањето за најдобар млад играч на Серија Б во сезоната 2010-2011..

Враќање во Аталанта По сезоната во Серија Б со Читадела, целосно е откупен од Аталанта во замена за другата половина од договорот на Даниеле Гаспарето плус доплата на необјавена сума. И покрај своите добри перформанси и вниманието што го привлекол на неколку други италијански клубови, како и европски (пред сите Хамбургер), неговиот агент Силвио Паљари, навел дека Аталанта нема намера да се фокусира на него.

На 21 август, во првиот натпревар од сезоната го постигнал својот прв гол во дресот на Аталанта израмнувајќи на 3-3 во третиот круг на италијанскиот куп против Губио (натпреварот завршил 4-3 за Губио). На 25 март 2012, 20-годишниот напаѓач го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот против Болоња (2-0) игран на Атлети Аѕури д'Италија.

Јувентус и Болоња На 24 август 2012, половина од неговиот договор е купен од страна на Јувентус за 5.500.000 € ; играчот веднаш бил позајмен на Болоња до јуни 2013 година. На 18 ноември 2012, го одбележува својот прв гол во дресот на Болоња во натпреварот против Палермо. На крајот на сезоната се обновува ко-сопственост договорот помеѓу Аталанта и Јувентус. Заемот на играчот завршил на почетокот на јуни и тој се вратил во Јувентус.

Сампдорија На 9 јули 2013, Сампдорија откупила половина од договорот од Аталанта, за сума од 5.500.000 €, а останатите 50% од договорот останале во сопственост на Јувентус. Со откупувањето на половина договор Сампдорија ги обезбедила правата на играчот за сезоната 2013-14.2013 Comunicato ufficiale della società Juventus 9 јули 2013.

На 17 август, во својот прв официјален натпревар во дресот на Сампдорија постигнал два гола овозможувајќи победа во третото коло од италијанскиот куп, против Беневенто со 2-0. Својот прв гол во првенството за Сампдорија го постигнал во второто коло против Болоња, со прекрасно изведен слободен удар, поставувајќи го конечниот резултат 2-2.

Наполи На 5 јануари 2015, Габијадини бил купен од Наполи за 12,5 милиони евра.

Саутхемптон На 31 јануари 2017, Габијадини потпишал четиригодишен договор со англискиот премиерлигаш Саутхемтон.

Враќање во Сампдорија На 11 јануари 2019, Габијадини се вратил во Италија и потпишал договор со неговиот поранешен клуб , во трансфер вреден 12 милиони фунти.

Репрезентативна кариера На 10 август 2012, за првпат добил повик во репрезентацијата од селекторот Чезаре Прандели.Sono 8 le novità di Prandelli per l'amichevole con l'Inghilterra Figc.it Тој го направил своето деби во репрезентацијата на 15 август 2012, со 20 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Англија (1-2), одигран на Стад де Свис во Берн.

Наводи

Надворешни врски Маноло Габијадини на soccerway Маноло Габијадини на transfermarkt Маноло Габијадини на whoscored Маноло Габијадини на espn

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Родени во 1991 година