Мартин Чарлс Скорсезе (роден 17 ноември, 1942) — американски филмски режисер, сценарист, продуцент, глумец и филмски историчар. Тој нашироко се смета како еден од најзначајните и највлијателните филмаџии во историјата на кинематографијата. Тој беше дел од новиот холивудски бран на филмови . Во 1990 година тој ја основал филмската фондација, непрофитна организација посветена на зачувување на филмови, а во 2007 година тој ја основал Светската Кинематографска Фондација. Добитник е на АФИ Наградата за животно дело за неговиот придонес во филмот, а и е добитник на „Оскар“, „Златната палма“, награда за најдобар режисер на Канскиот фестивал, „Сребрен Лав“, „Греми“, „Еми“, „Златен глобус“, БАФТА (Британски филмски награди) и награда од Здружението на режисери на Америка.
Структурата на делата на Скорсезе даваат акцент на италијанско-американскиот идентитет, римокатоличките концепти за вината и искупувањето, мачоизмот , модерениот криминал и конфликтите помеѓу бандите. Многу од неговите филмови се исто така познати по нивниот опис на насилството и слободната употреба на вулгарности. Скорсезе е режисер на многу значајни филмови, меѓу кои и „Злобни улици“ (1973), „Таксист“ (1976), „Разгневениот бик“ ( 1980), „Кралот на комедијата“ (1983), и „Добри момци“ (1990) – од кои во сите соработувал со глумецот, воедно и добар пријател, Роберт Де Ниро. Тој освојува Оскар за најдобра режија за филмот „Починатите“ (2006). Со осум номинации за најдобар режисер, тој е најмногу номинираниот жив режисер и го дели првото место со Били Вилдер за вкупно најмногу номинации. Од „Бандите на Њујорк“ (2002), Скорсезе исто така е познат по неговата соработка со Леонардо ди Каприо.
Ран живот Мартин Скорсезе е роден на 17 ноември 1942 година и израсна во Квинс, Њујорк. Неговото семејство се преселило во Мала Италија, кварт во Менхетен, пред да започне да оди на училиште. Неговиот татко, Чарлс Скорсезе (1913-1993) и неговата мајка, Кетрин Скорсезе (родена Капа ; 1912-1997 ) заедно работеле во реонот за облека во Њујорк. Неговиот татко работел како печатач на облека и глумец, а неговата мајка била шивачка и глумица. Родители на неговиот татко емигрирале од Полици Џенероса, Палермо, Сицилија. Мајка му, исто така била со италијанско потекло. Нејзините родители, како и родителите на Чарлс, потекнуваат од Палермо. Скорсезе бил израснат во богоугодно Католичката животната средина. Како момче, тој имал астма поради што не можел да спортува или пак да прави какви било активности со другите деца, па така неговите родители и неговиот постар брат често го носеле на кино. Во оваа фаза од животот Мартин ја добива страста за филмовите и киното. Скорсезе ги издвојува Сабу и Виктор Мачур како неговите омилени глумци за време на неговата младост и зборува за влијанието на филмот на Пауел и Пресбургер, „Црн Нарцизам“ од 1947, чии иновативни техники подоцна влијаелеле врз начинот на снимањето на неговите филмови. Вљубени во историските епови во неговата адолесценција, најмалку два филма од овој жанр, „Земјата на Фараоните“ и „Ел Сид“ оставаат длабоко и трајно влијание врз неговата филмски психа. Скорсезе исто така развива восхит за нео- реалистичката киноматографија во тоа време. Тој раскажува за нео-реалистичкото влијание во документариот филм за италијанскиот неореализам, и истакнува како „Крадци на Велосипеди“ како и „Паиса“ и „Рим, Отворен Град“ го инспирирале и влијаеле врз неговиот поглед и портрет на неговите Сицилиски корења. Во својот документарен филм „Моето патување до Италија“, Мартин истакнува дека епизодата за Сицилија во филмот „Паиса“ на Роберто Роселини, која ја гледал заедно со своите роднини на телевизија, кои исто така се имигранти од Сицилија, имало големо влијание врз неговиот живот. Мартин истакнува дека е должен на Францускиот Нов Бран на фолмови и тврди дека дека „Францускиот Нов Бран на филмови влијаело врз сите филмаџии кои работеле тогаш, без разлика дали ги гледале тие филмови или не“. Тој исто така ги наведува филмските режисери Сатјаџит Реј, Ингмар Бергман, Микеланџело Антониони и Фредерико Фелини како огромно влијание врз неговата кариера. Неговата првична желба да стане свештеник, за време на неговите училишни денови во Средното Училиште Кардинал Хејс, му овозможиле пристап до киното и последично, да оди на Њујоршкиот Факултет за Уметност и Наука (Сега познат како Колеџ за Уметност и Наука) каде што дипломира на насока Англиска книжевност. Тој продолжува на пост-дипломски студии и магистрира на Њујоршката Школа за Уметност, една година по нејзиното основање.
Творештво Рана кариера Скорсезе оди на филмската школа на Њујоршкиот Универзитет (дипломира за англиски јазик и пост-дипломски за ликовна уметност) каде што ги изработува кратките филмови „Што Бара Мила Девојка како Тебе на Место Како Ова?“ (1963) и „Не си само ти, Муреј“ (1964). Неговиот најпознат краток филм е темната комедија „Големото Бричење„ (1967) во кој глуми Питер Бернут. Филмот е обвинение за вмешаност на Америка во Виетнам, тоа го кажува и неговиот алтернативен наслов Виет '67. На многу наврати, Скорсезе, има кажано дека во своите рани денови бил многу инспириран од својот филмски професор Хеиг П. Манугиан. Во 1967-та Скорсезе го снима својот прв долго метражен филм, кој е црно бел, „Викни Прв“ кој подоцна е преименуван во „Кој е Тој Што Тропа на Мојата Врата“, заедно со својот колега студент глумец Харви Кител и монтажерката Телма Шунмејкер, со кои ќе има догло годишна соработка. Овој филм бил наменет да биде првиот од полуавтобиогравската Џ.Р. Трилогија, која ќе подоцна ќе биде вметнета во филмот „Злобни Улици“.
1970-тите Скорсезе станува пријател со влијателни „разгалени филмаџии*“ на 70-тите како Брајан Де Палма, Франсис Форд Копола, Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Брајан Де Палма беше оној кој го запозна Мартин со Роберт Де Ниро. За време на овој период Мартин работи како помошен режисер и едитор на еден од монтажерите на документарецот „Вудсток“ (1970) и се запознава со режисерот Џон Касаветес, кој ќе му стане добар пријател и ментор.
Во 1972 Скорсезе го направил „Вагонот Берта“, ниско буџетен филм за процуцентот Роџер Корман, кој има помогнато на режисери како Франсис Форд Копола, Џејмс Камерун и Џони Сајлс да ја започнат кариерата. Токму Корман го научи Скорсезе дека забавни филмови можат да се снимаат со многу малку пари и време, добро спремајќи го младиот режисер за предизвиците кои доаѓаа со „Злобни Улици“. Последично на издавањето на филмот, Касаветес го охрабри Скорсезе да прави филмови кои тој сака да ги прави а не нечии други проекти.
Победен од филмска критичарка Паулин Каел, „Злобни Улици“ е пробив за Скорсезе, Де Ниро и Кител. Веќе карактеристичниот стил на Скорсезе беше оформен: мачо ставови, крваво насилство, католичка вина и искупување, распаднати Њујоркшки локации (иако поголемиот дел од филмот бепе всушност снимен во Лос Анџелес), брза монтажа и фимска современа музика. Иако фиолмот беше иновативен, чудната атмосфера, напнатиот документарен стил и распаднатите улици се должат на режисерите Касаветес, Самуел Фулер и раните дела на Жан-Лик Годар.
Во 1947, глумицата Елен Бурстин го одбра Скорсезе да го режира нејзиниот филм „Алиса Повеќе Не Живее Тука“ за кој она добива Оскар за Најдобра Глумица. Иако се смета за добар филм, тој останува аномалија на раната кариера на Скорсезе бидејќи се фокусира на главен женски лик. Тој се вратил во Мала Италија каде што ги истражува своите корења и го смислува „Италијанскиамериканец“, документарен филм со неговите родители Чарлс и Катрин.
Таксист Таксист следи во 1976. Темниот урбан кошмар на Скорсезе за еден осамен човек кои споро паѓа во лудило. Филмот го назначи Скорсезе како готов режисер, и исто така обврна внимание на киноматографот Мајлк Чапмен, чиј стил се заснова на високо контрастни, силни бои и комплексни движења на камера. Главната улога во филмот ја толкуваше Роберт Де Ниро како измачениот и психопатичниот Травис Бикл. Во многу контровезна споредна улога се појави и Џуди Фостер како малолетна проститутка, како и Харви Кител како нејзининиот макро Метју Спорт. Таксист ги означи и многуте соработки на Скосрсезе со сценаристот Пол Шредер, кој црпи влијание од дневникот на Рартир Бремен и филмот „Џебен Крадец“ на фрацускиот режисер Роберт Бренсон. Шредер често се ослонува на делата на Бренсон како што се „Американски Џигало“, „Спијачот на Светло“ како и понатамошниот филм на Скорсезе, „Извади ги Мртвите“. Веќе контровезен по издавањето, Таксист, се вратил на ударните висти пет години подоцна кога Џон Хинклер Џуниор, пробал да изврши атентат врз тогашниот претседател на САД, Роналд Реган. Тој ја обвини обсесијата со ликот на Џуди Фостер како причина за својот чин. (во филмот ликот на Роберт Де Ниро, Травис Бикл, пробува да изврши атентат врз сенатор). Таксист добил Златна Палма на Канскиот Фестивал, исто така и четири номинации за Оскар, меѓу кои и за Најдобар Филм, но не успева да освои ниту еден. На Скорсезе му беше понудена улогата на Чарлс Менсон во филмот „Хелтер Скелтер“ и улога воениот филм на Сем Фулер „Големиот Црвен“, но двете ги одби. Но, сепак ја прифаќа улогата на гангстер во филмот „Кенонбол“ рижиран од Пол Бартел. Во овој период има неколку режисерски проекти кои нема да се оствараат меѓу кои „Опседнато Лето“ за Мери Шели и филм со Марлон Брандо за Индијанскиот масакар во Вунден Нии.
Њујорк, Нујорк и Последниот валцер Критичкиот успех на „Таксист“ го охрабри Скорсезе да го сними првиот високо буџетен филм, високо стилискиот мјузикал „Њујорк, Њујорк.“ Овој филм во чест на родниот град на Скорсезе беше неуспех на Бокс Офисот. „Њујорк, Њујорк“ беше трета соработка со Роберт Де Ниро и во споредна улога играше Лиза Минели. Филмот е најдобро запаметен по насловната тема која ја популаризираше Франк Синатра. Разочаривачката приемност на филмот го депресираше Скорсезе. Во овој период тој е и зависен од кокаин. Сепак, тој успеа да најде креативна инспирација за високо признатиот „Последнит Валцер“ снимајќи го последниот концерт на групата „Групата (The Band). Концертот беше одржан во Винтерленд Болрум во Сан Франциско и имаше огромен број на гости меѓу кои Боб Дилан, Ниел Јанг, Ринго Стар, Мади Вотерс, Џони Мичел, Ван Морисон, Пол Бутерфилд, Ниел Дајмонд, Рони Вуд и Ерик Клептон. Сепак, посветеноста на Скорсезе на други проекти го одложи издавањето на филмот до 1978мата година.
1980-тите
Разгневениот бик Според многу, меѓу кои и Скорсезе, Роберт Де Ниро му го спасил животот на Мартин со тоа што го убедил да ја отфрли зависоста од кокаин и да го направи овој високо признат филм. Убеден дека никогаш нема да снима друг филм, Скорсезе со сета енергија започна со снимање на овој насилен биографски филм за боксерот Џејк ЛаМота, шампион во средна категорија. Филмот е широко сметан за ремек дело и е изгласан за најдобар филм на 80-тите од страна на британското списание Sight and Sound. Филмот доби осум номинации за Оскар меѓу кои и за најдобра главна улога за Де Ниро и прва номинација на Скорсезе за најдобар режисер. Де Ниро го добива оскарот, како и Телма Шунмејкер за најдобра Монтажа, но Оскарот за најдобра режија оди кај Роберт Редфорд за филмот „Обични Луѓе“. „Разгневениот Бик“ е сниман на високо контрастен црно бел филм. Тука стилот на Скорсезе го достигнува својот врв. „Таксист“ и „Њујорк, Њујорк“ користи елементи на експресионизам да ги реплицира психолошките погледи, но тука, стилот оди во екстреми. Иако сценариото за филмот беше напишано дека е на Пол Шредер и Мардук Мартин, финалната верзија е најголем дел од првата верзија на Шредер. Сценариото беше менувано од многу сценаристи, а финалното беше напишано од Скорсезе и Де Ниро.
Кралот на комедијата