Свети Никола претставува православна црква во Македонски Брод. Црквата е единствена по тоа што е позната и под името Турбе и претставува и храм за муслиманите алевити. На ѕидовите има фрески од Свети Илија, Девица Марија и Исус, но и слики од бектешкиот светец Али. На средината на просторијата е гробот на бектешкиот светец Хадер Баба, а околу него се послани муслимански простирки за молитва. Овој објект е изграден во 14 век како црква изградена од кралот Урош Трети, која била опустошена кога во регионот дошле Турците Османлии. Но извесен Асан-беј повторно ја обновил во XVIII век за да ја тргне клетвата од сарајот кој преку ден го градел, а ноќе се уривал. Подоцна е обновена во 1933 година.

Поврзано Црква „Св. Богородица“ - изградена во 1872 година и претставува главна парохиска црква на Бродската парохија; Црква „Св. Архангел Михаил“ - изградена во 1998 година;

Наводи

Надворешни врски Во црквата Св. Никола во М. Брод се молат и православните и бектешите

Македонски Брод Категорија:Цркви во Македонски Брод