мини|Матера (Италија) „Евангелие по Матеј“ — италијански филм од 1964 година, во режија на Пјер Паоло Пазолини. Главната улога во филмот ја толкува Енрике Изароки, тогашен 19-годишен студент од Шпанија. Филмот бил номиниран за три награди „Оскар“, како и за наградите на БАФТА и за „Златен лав“, но освоил само специјална награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција. Најпрвин, режисерот имал намера да го снима филмот во Израел, но таму заклучил дека локациите се „премногу комерцијални и несоодветни“, па затоа, филмот е снимен во италијанскиот град Матера."Страдањата на Исус - вдахновение за режисерите", Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 10.
Содржина Филмот отстапува од традиционалното емотивно и сочувствително прикажување на распнувањето на Исус Христос и целата приказна е поставена во реалистичен и земски стил. Притоа, речиси секоја реплика во филмот е преземена директно од самото Евангелие по Матеј.„Страдањата на Исус - вдахновение за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 10.
Наводи
Категорија: Филмови на Пјер Паоло Пазолини Категорија: Филмови за Исус Христос Категорија: Италијански филмови Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Евангелие според Матеј Категорија:Француски драмски филмови