Воден (, Димос Едесас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Воден.
Населени места Општината Воден е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две општини: Воден и Островско Езеро, согласно законот „Каликратис“.
Општинска единица Воден мини|десно|Поранешната општина Воден на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица Воден и ги опфаќа следниве општински единици и населени места:
Општински оддел Воден град Воден (Έδεσσα, Едеса) село Котугери (Καισαριανά, Кесаријана) село Пачарешко (Προάστιο, Проастио) село Црковјани (или Црковени; Εκκλησιοχώρι, Еклисиохори)
Општински оддел Владово село Владово (Άγρας, Аграс)
Општински оддел Гугово село Гугово (Βρυτά, Врита)
Општински оддел Јаворјани село Јаворјани (или Јаворени; Πλατάνη, Платани)
Општински оддел Луковец село Ново Луковец (Σωτήρα, Сотира) село Луковец (Παλαιά Σωτήρα, Палеја Сотира) село Волкојанево (или В’лкојаново; Λύκοι, Лики) село Почеп (Μαργαρίτα, Маргарита) село Самар (Σαμάρι, Самари)
Општински оддел Месимер село Месимер (Μεσημέρι, Месимери)
Општински оддел Нисија село Нисија (Νησί, Ниси)
Општински оддел Оризари село Оризари (Ριζάρι, Ризари)
Општински оддел Под село Под (Φλαμουριά, Фламурија) село Ошљани (Αγία Φωτεινή, Агија Фотини)
Општински оддел Теово село Теово (Καρυδιά, Каридија) село Кронцелево (Κερασέαι, Керасее)
На територијата на општинскиот оддел се наоѓа и запустеното село Патичино (Патима).
Општинска единица Островско Езеро мини|десно|Поранешната општина Островско Езеро на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово (Арниса) ги опфаќа следниве општински единици и населени места:
Општински оддел Острово град Острово (Άρνισσα, Арниса) село Друшка (Δροσιά, Дросија) село Кадрево (Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) село Ново Русилово (Νέα Ξανθόγεια, Неја Ксантогија) село Русилово (или Росилово, Ξανθόγεια, Ксантогија) Општински оддел Граматиково село Долно Граматиково (Κάτω Γραμματικό, Като Граматико) село Горно Граматиково (Άνω Γραμματικό, Ано Граматико) Општински оддел Кочана село Кочана (Περαία, Переја) Општински оддел Ослој село Ослово (или Ослој, Παναγίτσα, Панагица) село Жерви (Жерве, Ζέρβη, Зерви) Општински оддел Чеган село Чеган (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос) село Нов Чеган (Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос)
На територијата на општинската единица се наоѓале и историските села Бегна (Агиос Спиридонас), Патичино (Патима) и Лагот (Лонгос).
Поврзано Вода (река) Список на села во Воден
Наводи
Надворешни врски Општински портал на Воден