Људмила Улицкаја (; 1943, Москва) — руска писателка. мини|десно|Људмила Улицка (2008)

Животопис Улицкаја е родена во Москва, каде дипломирала биологија на МГУ, во 1968 година. Одредено време работела во генетска лабораторија за генетски истражувања, но потоа останала без работа, кога полицијата во нејзиниот дом пронашла машина за пишување на која таа препишувала некој забранет роман."Белешка за авторката и делото", во: Људмила Улицка, Соњечка, Темплум, Скопје, 2007, стр. 99.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 78.

Творештво мини|десно|Улицка на 6. Меѓународен фестивал на книгата во Москва, 2011 г. На почетокот од својата книжевна кариера, Улицкаја пишувала драми и сценарија за театар, радио и телевизија. Многу доцна, дури во 1990-тите, започнала да пишува раскази и тогаш започнала нејзината блескава кариера. Првиот упех во Русија го постигнала со кусиот роман Соњечка од 1993 година. Потоа, Улицка се стекнала со популарност и на Запад, при што за романот Медеја и нејзините деца ја добила престижната француска награда „Медиси“. Потоа, таа ги добила и наградите „Москва-Пен“, „Џузепе Ачерби“, руската Годишна награда за роман, Националната руска книжевна награда и наградата „Симон де Бовоар“. За романот Случајот Кукоцки, во 2001 година, Улицкаја ја добила престижната руска награда „Смирноф-Букер“.„Белешка за авторката и делото“, во: Људмила Улицка, Соњечка, Темплум, Скопје, 2007, стр. 99-100. Нејзиниот роман Соњечка е објавен на македонски јазик во 2007 година, во издание на „Темплум“, а во превод на Ѓорѓи Крстевски.

Нејзини поважни дела се:„Белешка за авторката и делото“, во: Људмила Улицка, Соњечка.Скопје: Темплум, 2007, стр. 100. Соњечка (роман, 1993) Сиромашните роднини (раскази, 1994) Големото испраќање (новела, 1998) Случајот Кукоцки (роман, 2001) Цирих (2002) Бедни, злобни, сакани (2002) Медеја и нејзините деца Искрено, вашиот Шурик (роман, 2004) Луѓето на нашиот цар Провидни раскази Даниел Штајн, преведувачот мини|лево|Улицка, 26.6.2012 г.

Улицкаја се смета за најзначајна современа руска писателка. Според критичарите, таа е извонреден истражувач на човечките судбини, но и суптилен хроничар на историјата на Русија во XX век. Нејзината проза претставува спој меѓу класичната руска литература и современите текови, како и обновување на реализмот во поновата руска книжевност. Улицка е длабок психолог и префинет стилист и во своите раскази успева да ги прикаже најсуптилните нијанси на човечките карактери и односи. Нејзините текстови се научно-прецизни, но истовремено и иронични. Во своите дела, Улицка не поштедува никого - ни Бог, ни љубовта, ни луѓето. На моменти остра како Татјана Толстој и силна како Људмила Петрушевска, Улицкаја ја гради својата проза како звучна катедрала, во која преовладуваат болката и тагата, а понекогаш и малите, секојдневни изблици на човечка среќа. Поради овие квалитети, нејзините раскази често се споредуваат со оние на Чехов."Белешка за авторката и делото", во: Људмила Улицка, Соњечка. Скопје: Темплум, 2007, стр. 100-101.

Наводи

Категорија:Руски писатели Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Руски Евреи Категорија:Живи луѓе