Постол или Пела (, Димос Пелас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Пазар или Ениџе Вардар (гр. Јаница). Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Населените места во општината традиционално се сметаат за воденски или пазарски (ениџевардарски), зависно од нивната местоположба.
Населби Општината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетата општина е поделена на пет општински оддели, кои соодветствуваат на поранешните општини.
Општинска единица Александар Велики мини|лево|Поранешната општина Александар Велики на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица Александар Велики со седиште во Кадиново (Галатадес) ги опфаќа следниве населени места:
Општински оддел Кадиново село Кадиново (или Кадиино, Γαλατάδες, Галатадес) Општински оддел Карајотица село Карајотица (или Кариотица, Καρυώτισσα, Кариотиса) Општински оддел Липариново село Липариново (Λιπαρό, Липаро) Општински оддел Лозаново село Лозаново (Παλαίφυτο, Палефито) Општински оддел Сарбегово село Сарбегово (или Асарбегово; Δροσερό, Дросеро) Општински оддел Свети Ѓорѓи село Свети Ѓорѓи (или Дорт Армутлар, Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос) Општински оддел Трифулчево село Трифулчево (Τριφύλλι, Трифили) село Ѓупчево (Γυψοχώρι, Гипсохори)
Општинска единица Кир мини|десно|Поранешната општина Кир на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица КирПроизволно дадено грчко име што не се однесува на ниедно постоечко населено место. со седиште во Ново В’дришта (Неос Милотопос) ги опфаќа следниве населени места:
Општински оддел В’дришта село Ново В’дришта (Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) село Корнишор (Κρώμνη, Кромни) Општински оддел Бабјани село Бабјани (Λάκκα, Лака) Општински оддел Вети Пазар село Вети Пазар (или Ескиџе; Ποντοχώρι, Пондохори) село Нов Вети Пазар (Αξός, Аксос) Општински оддел В’дришта село В’дришта (Παλαιός Μυλότοπος, Палеос Милотопос) Општински оддел К’шлар село К’шлар (Αχλαδοχώρι, Ахладохори) Општински оддел Обор село Обор (Αραβησσός, Арависос) Општински оддел Спирлитово село Спирлитово (Πλαγιάρι, Плајари)
Општинска единица Пазар мини|десно|Поранешната општина Ениџе Вардар на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица Пазар ги опфаќа следниве населени места:
Општински оддел Пазар град Пазар (или Ениџе Вардар, Γιαννιτσά, Јаница) село Аларе (Αρχοντικό, Архондико) село Дамјан (Δαμιανό, Дамјано) село Елевтерохори (Ελευθεροχώρι) село Литовој (Λεπτοκαρυά, Лептокарија) село Пилорик (Πενταπλάτανος, Пендаплатанос) село Радомир (Ασβεσταριά, Асвестарија) село Чаушлиево (Μεσιανό, Месијано) село Чекре (или Киркалово, Παραλίμνη, Паралимни) Општински оддел Балџа село Балџа (Μελίσσι, Мелиси) Општински оддел Крушари село Крушари (Αμπελείες, Амбелиес)
Општинска единица Пласничево мини|десно|Поранешната општина Пласничево на картата на некогашниот округ Постол. Општинската единица Пласничево со седиште во Пласничево ги опфаќа следниве населени места:
Општински оддел Пласничево град Пласничево (Κρύα Βρύση, Крија Вриси) Општински оддел Врежот село Врежот (Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас) Општински оддел Голо Село село Голо Село (Ακρολίμνη, Акролимни) Општински оддел Долно Власи село Долно Власи (Εσώβαλτα, Есовалта) село Чичигаз (Σταυροδρόμι, Ставродроми)
Општинска единица Постол мини|десно|Поранешната општина Постол на картата на некогашниот округ Постол.
Општинската единица Постол е сместена во источниот дел на округот и, покрај центарот Постол (Пела), опфаќа и 6 села во северозападниот дел на Солунското Поле.
Со почеток на 28 јуни 1918 г., Постол (под името Агии Апостоли) била општина која ги опфаќала селата Грубевци, Рамел и Ливадица.ΦΕΚ 152 ,1918 Во 1922 г. тие се одвоени од неа и присоединети кон општината Бозец. На 2 март 1926 г., Постол е преименуван во Палеа Пела, а во 1975 г. — во Пела.ΦΕΚ 97, τεύχος Α΄ 1926 Општината ја добила сегашната големина со планот „Каподистрија“.
Општината Постол ги опфаќа следниве населени места:
Општински оддел Постол град Постол (Πέλλα, Пела) Општински оддел Бозец село Бозец (Άθυρα, Атира) Општински оддел Грубевци село Грубевци (Αγροσυκία, Агросикија) Општински оддел Кониково село Кониково (Δυτικό, Дитико) Општински оддел Нова Пела село Нова Пела (Νέα Πέλλα, Неја Пела) Општински оддел Рамел село Рамел (Ραχώνα, Рахона) село Ливадица (Λιβαδίτσα)
На територијата на општинската единица е и сега непостоечкото село Тагармишево (или Тагармиш, Υδρόμυλοι, Идромили).
Поврзано Постол (округ) Пела
Наводи