Хенри Милер (англиски: Henry Miller) (1891-1980) бил американски писател.

Животопис мини|Х. Милер во 1940 г. Хенри Милер е роден во 1891 година. Се школувал во Бруклин, а работел во Њујорк. Подоцна, работел во Париз како новинар.Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 127.

Творештво Милер почнал да пишува во Париз, каде ги создал своите најдобри дела. Првиот роман, Раковиот Повратник (Tropic of Cancer) е објавен во 1934 година, а зборува за неговите искуства и доживувања во Париз. Потоа ги објавил следниве дела: Црна пролет (1936), Јарчевиот Повратник (1939) и трилогијата Розово распетие (Сексус, Плексус, Нексус). Исто така, објавувал патописи и драми. Иако неговото творештво било оспорувано од некои американски критичари, денес Милер се смета за еден од најголемите американски писатели и зазема значајно место во современата светска книжевност, а Раковиот повратник за еден од најголемите американски романи.

Библиографија „Раковиот Повратник“ (Tropic of Cancer) „Црна пролет“ „Јарчевиот Повратник“ „Розово распетие“ „Мирни денови во Клиши“ (Quiet Days in Clichy)

Наводи

Категорија:Американски писатели Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Починати во 1980 година Категорија:Сликари од 20 век