Адам Ричард Јејтс (; р. ) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

На Тур де Франс 2016 завршил четврти и го освоил пласманот за млад возач, станувајќи прв британски возач кој го освоил пласманот, една година пред неговиот брат-близнак Сајмон.Cycling Weekly, Double vision of the future, 5 September 2013

Кариера Аматерска кариера

Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). Додека Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“, Адам се насочил на друмската кариера во Франција со финансиска помош од Дејв Рејнер.

Јејтс завршил втор со само 55 секунди зад шпанскиот возач Рубен Фернандес во генералниот пласман на Тур де л’Авенир 2013, додека настапувал за британската репрезентација.

Професионална кариера Орика-ГринЕЏ (2014-2020)

Откако поминал успешна сезона со француската аматерска екипа СС Етип, се приклучил на екипата заедно со неговиот брат во 2014. На неговата прва професионална трка, Тур де Сан Луис во Аргентина, Јејтс завршил единаесетти во генералниот пласман и прв во пласманот за млад возач.

мини|лево|upright|Јејтс на Трката околу Турција 2014, каде ја остварил првата професионална победа

Пробивот на Јејтс се случил на Трката околу Турција на крајот на април и почетокот на мај 2014. Бил еден од заштитените возачи на екипата за генералниот пласман, заедно со неговиот брат. На третата етапа, станал де факто предводник на екипата, откако Сајмон паднал на трката, при што се здобил со повреди. Јејтс бил единствениот кој го следел нападот на Реин Тарамае на последното искачување до Елмали и на крајот завршил на етапата на второто место, шест секунди зад Тарамае откако повторно нападнал во последните метри. По две етапи наменети за спринтерите, Јејтс ја постигнал својата прва професионална победа на шестата етапа. Јејтс се издвоил од намалената главна група на околу еден километар пред целта. Јејтс се одржал пред двајцата велосипедисти зад него и успеал да ја преземе водечката сина маичка од Тарамае, кој ја поминал целта седум секунди зад Јејтс. Јејтс го задржал водството на трката до нејзиниот крај во Истанбул два дена подоцна; го зголемил неговото водство за четири секунди на последната етапа, откако групата се поделила и само 28 возачи добила исто време како етапниот победник, Марк Кевендиш. Подоцна ја опишал победата — прва британска победа во генералниот пласман на трката — како „неочекувана“, откако имал амбиција да освои една етапа.

Јејтс потоа настапил на Трката околу Калифорнија. Откако бил поминат на втората етапа од Бредли Вигинс (Тим Скај), поединечен хронометар од 20 километри, завршил четврти на третата етапа и на шестата етапа. На крајот завршил петти во генералниот пласман. Импресивната форма на Јејтс продолжила на Критериум ду Дофине каде завршил осми на втората етапа. Бил трет на петтата етапа откако започнал доцен напад со Вилко Келдерман и повторно завршил трет на осмата етапа. Јејтс ја завршил трката на шестото место.

мини|десно|Јејтс возел на Тур де Франс 2015

одлучиле да не го вклучи Јејтс во составот на екипата на Тур де Франс и наместо тоа одморал неколку недели. Се вратил со возење на ГП Индустрија & Артиџанато во јули, каде победил и стигнал до првата еднодневна професионална победа. Јејтс бил во водечката група на Класика де Сан Себастијан со Алехандро Валверде, Бауке Молема, Хоаким Родригес и Микел Ниеве, но имал тежок пад при спуст на 3,5 километри пред целта. Го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања 2014, каде завршил на 82. место.

Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015. Завршил седми на осмата етапа, која водела до Мур де Бретањ,http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-8/results и седми на првата планинска етапа, етапата 10, која завршила на Кол де ла Пјер Сен Мартин на Пиринеите.http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-10/results

На 1 август 2015 година, Јејтс ја освоил најголемата победа дотогаш со победата на Класика де Сан Себастијан по нападот на завршното искачување откако предводникот Грег ван Авермат од БМЦ бил вклучен во судир со мотор и одржувајќи се пред групата зад него на спустот до Сан Себастијан. По конфузијата со падот на Ван Авермат, Јејтс не сфатил дека победил и првично не прославувал кога ја поминал целта.

мини|лево|Јејтс (во средина) ја носи белата маичка на Тур де Франс 2016

Јејтс бил избран да вози на Тур де Франс 2016. На седмата етапа, Јејтс се одвоил од водечката група на спустот на Кол д’Аспен, но бил вклучен во пад кога балонот за последниот километар се издишал во моментот кога поминувал и паднал на него. Јејтс се здобил со исеченици на неговата брада кои морале да се сошијат, но откако резултатите на етапата биле ревидирани му дале 7 секунди предност пред главната група, со што Јејтс станал втор во генералниот пласман и ја презел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач од Жилијан Алафилип. На деветтата етапа, која била прва завршница на нагорнина на трката, Јејтс завршил десетти, заедно со другите кандидати за генералниот пласман. Со ова, Јејтс се задржал на второто место на првиот ден за одмор, 16 секунди зад Фрум и водел во пласманот за млад возач со 39 секунди пред Луис Мејнчес ().

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017, каде завршил како деветти откако паднал на првите етапи на трката. Бил претекнат во водството на пласманот за млад возач на завршниот хронометар од страна на Боб Јунгелс.

Јејтс завршил втор во генералниот пласман на Критериум ди Дофине, освојувајќи ја седмата етапа. Бил предводник на екипата на Тур де Франс, но завршил на 29. место во генералниот пласман. Завршил втор на етапата 16, откако паднал при водство на завршниот спуст и бил одминат од носителот на планинската маичка Жилијан Алафилип.

Јејтс завршил втор во генералниот пласман на Волта а Каталуња и ја освоил третата етапа. Пред тоа, Јејтс завршил втор на Тирено-Адријатико, губејќи го водството на трката за една секунда од Примож Роглич, на завршниот поединечен хронометар. Јејтс повторно бил водач на екипата на Тур де Франс, поддржуван од неговиот брат, но го повторил 29. место од претходната година.

При скратената велосипедска сезона 2020 поради КОВИД-19, негов најважен резултат било деветтото место на Тур де Франс. По казната за Жилијан Алафилип рано на Тур, Јејтс ја преземал жолтата маичка како предводник на трката. Откако бил информиран дека сега бил предводник на трката, тој изјавил „Никој не сака да ја преземе маичката вака. Бев во автобус и ние требаше да заминеме во хотелот кога го добив повикот... утре ќе дадам сѐ од мене да ја одбранам маичката...“, која потоа ја носел уште четири етапи.

Во август 2020 година, Јејтс потпишал двегодишен договор со , почнувајќи од сезоната 2021.

Рано во сезоната завршил втор на Трката ОАЕ и потоа ја освоил Волта а Каталуња 2021. Не возел на Тур де Франс, туку настапил на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде завршил меѓу првите десет на друмската трка. По Игрите, возел на Вуелта а Еспања, каде завршил четврти, негов најдобар пласман на некоја голема трка по резултатот на Тур 2016. Во октомври настапил на есенските италијански класици, завршувајќи четврти на Џиро дел’Емилија, втор на Милано-Торино и трет на Џиро ди Ломбардија, каде го претекнал Роглич во потерата зад победникот Тадеј Погачар и второпласираниот Фаусто Маснада, со што го зел неговиот прв подиум на некој монумент. По крајот на неговата сезона, трчал следниот месец на маратонот во Барселона, завршувајќи ја патеката за 2:58:44.

Достигнувања

2013 2. Краен пласман Тур де л’Авенир 2. Гран при де Сулц-сус-Форетс 3. Краен пласман Тур де Франш-Комте 1. Етапа 3 8. Париз-Троа 2014 1. 20п Краен пласман Трка околу Турција 1. Етапа 6 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 1. 20п Пласман за млад возач Тур де Сан Луис 5. Краен пласман Трка околу Калифорнија 5. Џиро дела Тоскана 6. Краен пласман Критериум ду Дофине 2015 1. Класика де Сан Себастијан 2. Краен пласман Трка околу Алберта 1. 20п Пласман за млад возач 2. ГП Монтреал 9. Краен пласман Тирено-Адријатико 2016 4. Краен пласман Тур де Франс 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Тур де Јоркшир 6. Класик Ла Дром 7. Краен пласман Критериум ди Дофине 7. Класик Сид Ардеш 2017 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 2. Милано-Торино 4. Краен пласман Волта а Каталуња 5. Краен пласман Трка околу Полска 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 9. Краен пласман Џиро д’Италија 9. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 2018 2. Краен пласман Критериум ди Дофине 1. Етапа 7 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 5. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 5 2019 1. 20п Краен пласман Трка околу Хрватска 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 5 2. Краен пласман Волта а Каталуња 1. Етапа 3 2. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) 3. Милано-Торино 4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 5. Краен пласман Трка околу Баскија 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 6 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија 8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 1. Етапа 4 2020 1. 20п Краен пласман Трка ОАЕ 1. Етапа 3 9. Краен пласман Тур де Франс 2021 1. 20п Краен пласман Волта а Каталуња 1. Етапа 3 2. Краен пласман Трка ОАЕ 2. Милано-Торино 3. Џиро ди Ломбардија 4. Краен пласман Вуелта а Еспања 4. Краен пласман Трка околу Баскија 4. Џиро дел’Емилија 9. Олимписки игри - друмска трка 2022 1. 20п Краен пласман Трка околу Германија 1. Етапа 3 2. Краен пласман Трка ОАЕ 4. Краен пласман Париз-Ница 4. ГП Монтреал 6. Тре Вали Варезине 7. ГП Квебек 9. Краен пласман Тур де Франс 10. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големи трки Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Џиро — — —9 — — — — — Тур — 504 — 29 299 —9 Вуелта 82 — — 34 45 — —4 —Распоред на резултатите на поважните етапни трки Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Париз-Ница — — — — — — — —4 Тирено-Адријатико —9 19 СО52 — — — Волта а Каталуња 23 — —4 —2НСО1 Трка околу Баскија 76 СО 32 — —54 СО Тур де Романдиcolspan=9 Критериум ди Дофине6 207 —2 СО 17 — — Тур де Свис — — — — — —НСО — СО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Милано-Санремо style="color:#4d4d4d;" colspan=9 rowspan=3 Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастоњ-Лиеж — — 568 —4 СО 18 — Џиро ди Ломбардија СО 56 — 74 29 15 —310 Класик 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022Амстел Голд Рејс — — СО — — —НСО — —Флеш Валон 97 — СО — — СО — 20 —Класика де Сан Себастијан 431 16 — — СОНСО 27 —Гран при Квебек — 32 72 — — 21НСО7Гран при Монтреал —2 СО — — 144Џиро дел’Емилија — — СО 29 — — —4 СОТре Вали Варезине — — — — — —НСО —6 Милано-Торино — — —2 143 —2 —

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Велодромски велосипедизам

2009 3. Национално јуниорско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс) 2010 1. 20п Национално јуниорско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс) 2011 Национални првенства 2. Екипна потера 3. Омниум 3. Скреч 2012 3. Национално првенство - скреч

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020