Костур (, Димос Касторијас) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Костур.

Населени места Општина Костур е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на девет административни единици — општините Костур, Света Троица, Четирок, Корешта, Свети Врач, Македон (Македни), Вич, Клисура и општинската целина Кастраки.

Напомена: Називите на општините „Кастраки“ и „Македни“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место. Општините Света Троица и Свети Врач се наречени по манастирите што се наоѓаат на нивна територија.

Општинска единица Вич мини|десно|Поранешната општина Вич на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Вич со седиште во Тиолишта (Тихио) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Тиолишта село Тиолишта (Τοιχίο, Тихио)

Општински оддел Блаца село Блаца (Οξυά, Оксија)

Општински оддел Вишени село Вишени (Βυσσινιά, Висинија)

Општински оддел Кондороби село Кондороби (Μεταμόρφωση, Метаморфоси) село Фотиништа (или Фотинишча; Φωτεινή, Фотини)

Општински оддел Черешница село Черешница (Πολυκέρασος, Поликерасос)

Општински оддел Шестево село Шестево (или Шестеово; Σιδηροχώρι, Сидирохори)

На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Бапчор (Вапсори, Пименико).

Општинска единица Кастраки десно|мини|Поранешната општинска целина Кастраки на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Кастраки опфаќа само две села — седиштето Косинец (Ιεροπηγή) и Д’мбени (Δενδροχώρι).

На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Лобаница (Агиос Димитриос).

Општинска единица Клисура десно|мини|Поранешната општина Клисура на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Клисура се состои од само едно населено место — Клисура (Влахоклисура).

Општинска единица Корешта мини|десно|Поранешната општина Корешта на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Корешта со седиште во Корешта (Неос Икисмос или Корестија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Габреш село Корешта (Νέος Οικισμός или Κορέστια, Неос Икисмос или Корестија) село Габреш (Γάβρος, Гаврос)

Општински оддел Дреновени село Дреновени (Κρανιώνας, Кранионас)

Општински оддел Жервени село Жервени (Άγιος Αντώνιος, Агиос Антониос)

Општински оддел Кономлади село Кономлади (Μακροχώρι, Макрохори)

Општински оддел Поздивишта село Поздивишта (или Поздивишча; Χάλαρα, Халара)

Општински оддел Статица село Статица (Μελάς, Мелас) село Горна Статица (Άνω Μελάς, Ано Мелас)

Општински оддел Чрновишта село Чрновишта (или Чрновишча; Μαυρόκαμπος, Маврокамбос)

Општинска единица Костур мини|десно|Поранешната општина Костур на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Костур со седиште во Костур ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Костур град Костур (Καστοριά, Касторија) село Апоскеп (Απόσκεπος, Апоскепос) село Нов Чифлик (Χλόη, Хлои) село Сетома (Κεφαλάρι, Кефалари)

Општинска единица Македон мини|десно|Поранешната општина Македни на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Македон или Македни со седиште во Маврово (Маврохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места од областа Пополе:

Општински оддел Маврово село Маврово (Μαυροχώρι, Маврохори) село Крпени (Κρεπενή, Крепени) Општински оддел Дупјак село Дупјак (Δισπηλιό, Дипсилио) Општински оддел Личишта село Личишта (или Личишча; Πολυκάρπη, Поликарпи)

Општинска единица Света Троица мини|десно|Поранешната општина Костур на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Света Троица со седиште во Мањак (Мањаки) има ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Мањак село Мањак (Μανιάκοι, Мањаки)

Општински оддел Брештени село Брештени (или Брешчени; Αυγή, Авги)

Општински оддел Галишта село Галишта (или Галишча; Ομορφοκκλησιά, Оморфоклисија)

Општински оддел Желогоже село Желогоже (или Желегоже; Πεντάβρυσο, Пендаврисо) село Псоре (Υψηλό, Ипсило)

Општински оддел Желин (1 074) село Желин (Χιλιόδενδρο, Хилиодендро) село Изглибе (Πορειά, Порија)

Општински оддел Жупаништа (792) село Жупаништа (или Жупанишча; Λεύκη, Левки) село Орман (Κάτω Λεύκη, Като Левки) село Ново Жупаништа (Νέα Λεύκη, Неја Левки)

Општински оддел Сливени село Сливени (Κορομηλιά, Коромилија)

Општински оддел Цакони село Цакони (Τσάκονη)

Општинска единица Свети Врач мини|десно|Поранешната општина Свети Врач на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Свети Врач со седиште во Горенциги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Горенци село Горенци (Κορησός, Корисос) село Чурилово (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос)

Општински оддел Загоричани село Загоричани (Βασιλειάδα, Василијада) Загоричански манастир „Света Петка“ (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) село Бобишта (или Бобишча; Βέργα, Верга)

Општински оддел Куманичево село Куманичево (Λιθιά, Литија)

Општински оддел Олишта село Олишта (или Олишча; Μελισσότοπος, Мелисотопос) село Б’мбоки (Σταυροπόταμος, Ставропотамос) Олишки манастир „Свети Врач“ (Μονή Αγίων Αναργύρων, Мони Агион Анаргирон)

Општинска единица Четирок мини|десно|Поранешната општина Четирок на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Четирок со седиште во Четирок (Месопотамија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Четирок село Четирок (Μεσοποταμιά, Месопотамија) село Палиностудес (Παλλινοστούντες) село Тиквени (Κολοκυνθού, Колокинту)

Општински оддел Горно Папратско село Горно Папратско (Πτεριά, Птерија) село Долно Папратско (Κάτω Πτεριά, Като Птерија)

Општински оддел Добролишта село Добролишта (или Добролишча; Καλοχώρι, Калохори)

Општински оддел Ошени село Ошени (Οινόη, Инои)

Општински оддел Света Недела село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Киријаки)

На територијата на општинската единица се наоѓало и некогашното село Трстика (Ακόντιο, Акондио).

Поврзано мини|десно|Етничка карта на Општина Костур|357x357п Костурски дијалект Носии од Костурско Костурско Езеро Список на села во Костур

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Костур

Категорија:Општини во Егејска Македонија