Азитромицин е антибиотик од групата азалиди, подгрупа на макролидите.
Се користи во терапија на инфекции на горните респираторни патишта, долните респираторни патишта, кожата и др.
Во 2025, е триесет и први најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 197.000 рецепти.
Историја мини|лево|Сумамед (азитромицин) таблети Група на истражувачи од фармацевтската компанија Плива во Хрватска, Југославија — Габријела Кобрехел, Горјана Радобоља-Лазаревски и Зринка Тамбурашев, предводени од Д-р Слободан Ѓокиќ — го откриле азитромицинот во 1980 година. Бил патентиран во 1981 година. Во 1986, Плива и Фајзер потпишале лиценцен договор, со кој Фајзер добил ексклузивно право за продажба на азитромицинот во Западна Европа и САД. Плива го ставила азитромицинот на пазарот во Средна и Источна Европа под заштитеното име Сумамед во 1988. Фајзер го ставил азитромицинот на другите пазари под лиценца на Плива под заштитено име Зитромакс во 1991. Патентната заштита завршила во 2005 година.
Наводи
Категорија:Макролидни антибиотици Категорија:Хрватски пронајдоци Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација