Специфична тежина (симбол: γ) — тежина на даден материјал по единица зафатнина. Затоа се нарекува уште и единична тежина или уделна тежина.
Чест пример е специфичната тежина на водата на Земјата при 5 °C, која изнесува 9,807 kN/м3. National Council of Examiners for Engineering and Surveying (2005). Fundamentals of Engineering Supplied-Reference Handbook (7th ed.). Clemson: National Council of Examiners for Engineering and Surveying. ISBN 1-932613-00-5
Општа формула
при што е специфичната тежина на материјалот (тежина по единица зафатнина (волумен), изразена во N/м3) е густината материјалот (маса по единица зафатнина, изразена во кг/м3) е забрзување заради тежата (стапка на промена на брзината, изразена во m/s2 и на Земјата, обично 9,81 m/s2)
Промена на специфичната тежина За разлика од густината, специфичната тежина не е апсолутна. Таа е зависна од износот на гравитациското забрзување, кој се разликува од едно место до друго. Покрај ова, значајна улога има и и температурата на материјалот. Притисокот исто така може да влијае, зависно од модулот на збивливост на материјалот, но начелно земено, при умерен притисок има помалку значајно влијание од првите два чинитела.
Примена
Хидромеханика
Во хидромеханиката, е специфичната тежина на претставува силата со која дејствува тежатата (гравитацијата) врз единица зафатнина на течност. Поради ова, единиците се изразуваат како сила по единица зафатнина (на пр. N/м3 или lb/ft3). Специфичната тежина може да се користи како карактеристично својство на течноста.
Механика на почвата
Специфичната тежина се користи како својство на почвата, кое честопати има улога при справувањето со проблемите при ископување.
Кај механиката на почвата, специфичната тежина може да се однесува на: Влажна единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат и воздух и вода.
при што is влажната единична тежина на материјалот is единичната тежина на водата w е влажноста на материјалот Gs е специфичната тежа на цврстото тело e соодносот на празнините (порозност)
Сува единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат исклучиво воздух. Формулата за сува единична тежина гласи:
при што is влажната единична тежина на материјалот is сувата единична тежина на материјалот is единичната тежина на водата w е влажноста на материјалот Gs е специфичната тежа на цврстото тело e е соодносот на празнините
Типичните вредности за сувата единична тежина на почвата може да се најдат во бази на податоци како оваа .
Заситена единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат исклучиво вода.
Формулата за заситена единична тежина гласи:
при што is заситената единична тежина на материјалот is единичната тежина на водата w е влажноста на материјалот Gs е специфичната тежа на цврстото тело e е соодносот на празнинитеDas, Braja M. (2007). Principles of Geotechnical Engineering. Canada: Chris Carson. ISBN 0-495-07316-4.
Потопена единична тежина — разликата помеѓу заситената единична тежина и единичната тежина на водата.The Transtec Group, Inc. (2012). Basic Definitions and Terminology of Soils. http://www.intelligentcompaction.com/downloads/IC_RelatedDocs/SoilCmpct_Basic%20definitions%20of%20Soils.pdf Често се користи за пресметување на делотворното напрегање на почвата.
Формулата за потопена единична тежина гласи:
при што е потопената единична тежина на материјалот е заситената единична тежина на материјалот е единичната тежина на водата
Специфична тежина на водата Температура (°C) Специфична тежина (kN/м3) 0 9,805 5 9,807 10 9,804 15 9,798 20 9,789 25 9,777 30 9,765 40 9,731 50 9,690 60 9,642 70 9,589 80 9,530 90 9,467 100 9,399 Специфична тежина на водата при стандарден атмосферски притисок Finnemore, J. E. (2002). Fluid Mechanics with Engineering Applications. New York: McGraw-Hill. ISBN 0-07-243202-0.
Специфична тежина на воздухот Температура (°C) Специфична тежина (N/м3) −40 14,86 −20 13,86 0 12,68 10 12,24 20 11,82 30 11,43 40 11,06 60 10,4 80 9,81 100 9,28 200 7,33 Специфична тежина на воздухот при стандарден атмосферски притисок
Поврзано Густина Релативна густина Специфична тежа
Наводи
Надворешни врски Систем на мерење на густината кај разни материјали За специфичната тежина на агрегатите во градежништвото — Градежен факултет-Скопје
Категорија:Физичка хемија Категорија:Физички величини Категорија:Хидромеханика Категорија:Густина