Лудвигслуст () — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 40 километри јужно од Шверин. До септември 2011 година градот претставувал административно седиште на поранешниот истоимен округ. Моментално, градот претставува административно седиште на општинската заедница Лудвигслуст-Ланд.

Историја

мини|лево|Каналот Лудвигслуст во градот

Во 1724, принцот Лудвиг, син на војводата на Мекленбург-Шверин, одлучил да изгради ловечки замок близу малото село наречено Кленов. Подоцна, кога дошол на власт, обожавал да престојува во замокот и го нарекол Лудвигслуст („желбата на Лудвиг“). Во 1765, Лудвигслуст станал главен град на војводството наместо Шверин. Градот бил проширен покрај замокот. Ова траело до 1837, кога големиот војвода Паул Фридрих му го вратил статусот на главен град на Шверин.

мини|лево|Граѓани на Лудвигслуст, Германија, во посета на блискиот концентрациски камп по наредба на окупаторските сили

Концентацискиот камп Вебелин — понекогаш нарекуван и како концентрациски камп Лудвигслуст — бил основан од СС близу градот Лудвигслуст во 1945. На крајот на Втората светска војна, кога била создадена линијата на поделба помеѓу советските и сојузничките сили, Лудвигслуст најпрвин бил окупиран од британските трупи, потоа предаден на американските сили, а по неколку месеци американските сили се повлекле и дошле советските војници, како што било договорено во Јалта.

Знаменитости

Замок Лудвигслуст — барокен резиденциски замок изграден помеѓу 1772-1776, по плановите на Јохан Јоахим Буш. Нарекуван е како „Мал Версај во Мекленбург“. Замокот е сместен во средина на градините (Schlosspark), огромен парк (120 хектари), создаден во англиски стил, со канали, фонтани и вештачки каскади. Градската црква (Stadtkirche) — изградена помеѓу 1765-1770 во неокласичен стил со барокни елементи. Има типичен класичен изглед, со портик потпрен на шест дорски дорски столбови, давајќи ѝ на црквата изглед на грчки храм.

Збратимени градови

Лудвигслуст е збратимен со:

Аренсбург, Германија Маскатин, САД

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Страница на поранешниот округ

Категорија:Лудвигслуст-Пархим Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 18 век Категорија:Населени места основани во 1765 година