Корделио-Арманќој (, Димос Корделиу-Евосму) — општина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа две предградија на градот Солун.

Населени места мини|лево|Поранешната општина Нов Арманќој-Корделио на картата на некогашниот округ Солун. мини|лево|Поранешната општина Арманќој на картата на некогашниот округ Солун. Општината Корделио-Арманќој е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“. со обединување на две стари општини: Нов Арманќој-Корделио (Елевтерио-Корделио) и Арманќој (Евосмос).

Општинска единица Нов Арманќој-Корделио Поранашната општина и денешна општинска единица е создадена во 1982 г. со обединување на две солунски населби — Нов Арманќој (Нео Елевтерио, Нео Харманќој) и Ново Корделио (Нео Корделио).

Општинска единица Арманќој Општинската единица Арманќој опфаќа само едно населено место — солунската населба Арманќој (Εύοσμος, Евосмос), која порано била македонско село.

Поврзано Солун Солунско Поле

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Корделио-Арманќој

Категорија:Општини во Егејска Македонија