Јован Кировски (роден на 18 март 1976 година во Ескондидо, Калифорнија) — американски фудбалер од македонска народност, кој моментално работи како асистент тренер во Лос Анџелес Галакси.
Клупска кариера Во 1992, Кировски се приклучил на младинскиот состав на Манчестер Јунајтед и со тоа стана првиот Американец кој заиграл во тој клуб. Откако не добил работна дозвола во Премиер лигата, во 1996 тој потпишал за германскиот Бундеслигаш Борусија Дортмунд во кој поминал четири сезони. Во сезоната 1998/99 тој бил позајмен на второлигашот Фортуна Келн.
Во 2000 година Кировски потпишал за португалскиот Спортинг Лисабон, но повторно, не останал долго време во клубот, и после две сезони се вратил назад во Англија во екипата на Кристал Палас. Во 2002, тој потпишал за Бирмингем, но после сезона и пол заминал во САД потпишувајќи за Лос Анџелес Галакси. На 23 јануари 2012, Кировски се повлекол од фудбалот како играч, но останал како тренер во истиот фудбалски клуб.
Меѓународна кариера Кировски дебитирал за американскиот состав на 18-годишна возраст на 19 октомври 1994 против Саудиска Арабија. Тој бил дел од репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри во 1996 како и на Купот на конфедерации во 1999 и 2003.
Тренерска кариера Веднаш после неговото повлекување, Кировски станал помошен тренер на Лос Анџелес Галакси.. Во 2013 клубот го назначил за технички директор.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Американци со македонско потекло Категорија:Македонци по потекло Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Фортуна Келн Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Лос Анџелес Галакси Категорија:Фудбалери на ФК Колорадо Рапидс Категорија:Фудбалери на ФК Сан Хосе Ертквејкс Категорија:Фудбалери од Премиер Лига