мини|десно|300п|Карта на општинските единици на општините Кукуш и Пајонија во Кукушкиот Округ:1. Кукуш, 2. Бојмица, 3. Галик, 4. Гуменџе, 5. Дојран, 6. Ашиклар, 7. Круша, 8. Аканџали, 9. Горчливо Езеро, 10. Ругуновец, 11. Хрсово, 12. (Голема) Ливада Кукуш () — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Кукуш. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Кукушко“.
Географија Планините во округот се Пајак (Пајко) на запад, дел од западните краеви на Беласица (Белес или Керкини) на североисток и Круша (Крусија) на исток. Во северниот дел се наоѓа Дојранското Езеро. Се граничи со окрузите Сер на исток, Солун на југ и Постол на запад. На север округот Кукуш се граничи со општините Богданци, Гевгелија и Дојран во Република Македонија.
Стопанство Стопанството во округот е исклучиво земјоделско. Најважни култури се пченицата, тутунот и памукот. Голема улога има и сточарството. Подрачјето на округот е слабо населено поради особеностите на теренот. Индустриското производство има споредна улога.
Клима Кукушкиот Округ има претежно континентална клима, со студени зими на повисоките места. Во најјужните делови на долината на Вардар климата преоѓа во умереносредоземна и средоземна.
Општини Округот Кукуш е поделен на 2 општини. Тие се слдниве (означени со бројки во инфокутиајта):
Кукуш (Килкис) (1) Пајонија (2)
Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 14% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 11.000 Македонци.
Поврзано Кукушки дијалект Список на села во Кукуш Список на села во Ениџе Вардар
Наводи
Надворешни врски Портал на округот Кукуш
Категорија:Кукуш (округ) Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција