Оливје Жиру (француски: Olivier Giroud, роден на 30 септември 1986) — француски фудбалер, напаѓач на Лил и поранешен член на француската репрезентација за која има 137 натпревари.
Технички одлики Висок напаѓач, физички силен во двобоите. Познат е по прецизниот удар со глава, силниот шут и убиствениот завршен удар со кој ги тресе противничките мрежи..
Кариера Роден е во градот Шамбери, на 30 септември 1986 година. Пораснал во селото Фрож. Од 1994 до 1999 играл за ФК Фрож. На 13 години ја започнал својата обука во клубот ФК Гренобл каде во 2005 ја започнал својата сениорска кариера. Од 2007 до 2008 бил на позајмица во ФК Истр. Настапувал за Арсенал и Челси, додека во 2021 година потпишал за Милан.
За репрезентацијата на Франција игра од 2011 и има постигнато 46 гола. Бил дел од составот на триколорите кој го освоил Светското првенство 2018 во Русија.
Наводи
Надворешни врски
Оливје Жиру во Арсенал Официјална страница
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монпелје Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Лос Анџелес Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе