Доксат (, Димос Доксату)— општина во Драмскиот Округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е селото Доксат.

Населени места Општината Доксат е созадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на две стари општини: Доксат (Доксато) и Каламбак (Каламбаки).

Општинска единица Доксат мини|десно|Поранешната општина Доксат на картата на некогашниот округ Драма. Општинската единица Доксат ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Доксат село Доксат (Δοξάτο, Доксато) Општински оддел Борен село Борен (или Бурјан; Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос) Општински оддел Бунарбаши село Горно Бунарбаши (Άνω Κεφαλάρι, Ано Кефалари) село Долно Бунарбаши (Κάτω Κεφαλάρι, Като Кефалари) Општински оддел Дизмикли село Дизмикли (или Дебизмакли; Πηγάδια, Пигадија) село Кавакли (Αίγειρος, Егирос) село Демирџојани (или Тимурџи Аврен; Περιστέρια, Перистерија) Општински оддел Органџи село Органџи (Κύργια, Кирија) село Арапли (Βαθυχώρι, Ватихори) село Аша Маала (Ευρύπεδο, Еврипедо) село Буџак (Βαθύσπηλο, Ватиспило) село Касапли (Υψηλό, Ипсило) Општински оддел Пазарлар село Пазарлар (Αγορά, Агора)

Општинска единица Каламбак мини|десно|Поранешната општина Каламбак на картата на некогашниот округ Драма.

Општинската единица Каламбак со седиште во Каламбак ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Каламбак град Каламбак (или Калабак; Καλαμπάκι, Каламбаки) Општински оддел Бошинос село Бошинос (или Босино; Καλαμώνας, Каламонас) Општински оддел Водовишта село Водовишта (или Фотовишта; Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) Општински оддел Еди Пере село Еди Пере (Νεροφράκτης, Нерофрактис) Општински оддел Фатлија село Фатлија (Φτελιά, Фтелија)

Поранешни села На територијата на општината се наоѓа и поранешното село Химитли (Агапи).

Поврзано Драмско Поле Список на села во Драма

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Доксат

Категорија:Општини во Егејска Македонија