Наово (или Навово) — историско село во атарот на с. Идризово територијата на денешна Општина Гази Баба, во југоисточниот дел на Скопскиот Регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес има ниви.
Географија Селото се наоѓало во областа Скопска Блатија, североисточно од Скопје. Најблиски населени места се Огњанци (на 2 км) и Петровец.
Историја XIX век Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 11 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 39 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.
Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Навово живеат 50 Македонци-христијани.К’нчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 207
XX век Во 1905 г. според Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Наово (Naovo) има 32 Македонци и 6 Роми.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 114-115. По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија, како и остатокот од територијата на денешна Република Македонија.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Навово (Navovo) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Поврзано Скопска Блатија Општина Гази Баба
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †