Благоја Видиниќ (11 јуни 1934International stats at . Fifa.com. Посетено на 2011-06-01. – 29 декември 2006) — македонски фудбалер и тренер, поранешен играч, и поранешен олимпиец од српско потекло.

Роден во Скопје, тој играл за екипите на ФК Вардар, ФК Раднички Белград и ОФК Белград во Југославија, потоа во ФК Сион од Швајцарија. Во 1967 се преселил во САД и играл за тимот на Лос Анџелес Торос во Западноамериканската фудбалска лига, настапувајќи 20 пати таа сезона. Сезоната 1968 ја започнал во новоформираниот клуб наследник Сан Диего Торос, пред да се префрли во Ст. Луис Старс.Stats at North American Soccer League players. Nasljerseys.com (1934-06-11). Посетено на 2011-08-02.

Тој ја претставувал Југославија како голман на Летните олимписки игри во 1956 и 1960 година, освојувајќи го сребрениот медал на првото и златниот медал на второто учество.Фудбалска федерација на Македонија...Football Federation of Macedonia . Ffm.com.mk. Посетено на 2011-06-01. Тој исто така настапувал и на европското првенство во 1960 година кога Југославија завршила на второто место.

По повлекувањето од фудбалот, Видиниќ станал тренер и предводел две африкански репрезентации на Светското првенство во фудбал: Мароко во 1970 и Заир во 1974.Stats at . Worldfootball.net (2006-12-29). Посетено на 2011-06-01.

Наводи

Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Раднички Белград Категорија:Фудбалери на ОФК Белград Категорија:Југословенски фудбалски тренери Категорија:Фудбалски тренери од Скопје Категорија:Фудбалери на ФК Сион Категорија:Фудбалери на Лос Анџелес Торос Категорија:Фудбалери на Сан Диего Старс Категорија:Фудбалери на Ст. Луис Старс Категорија:Српски фудбалери Категорија:Македонски Срби Категорија:Фудбалски голмани