Бад Клајнен () — општина во округот Северозападен Мекленбург, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на северните брегови на Шверинското Езеро.
Географија
Општината се наоѓа на северните брегови на Шверинското Езеро, третото најголемо езеро во Германија и на половина пат помеѓу покраинскиот главен град Шверин и ханзеатскиот град Висмар. Познатиот германски филозоф и математичар Готлоб Фреге живеел и починал во Бад Клајнен. Во негова чест секоја година на пролет се организира пешачка тура помеѓу Висмар и Бад Клајнен.
Наводи
Категорија:Северозападен Мекленбург Категорија:Општини во Мекленбург-Западна Померанија