Зенит — замислена точка која се наоѓа во местоположба „над“ одредено место, на замислената небесна сфера. „Над“ ја означува вертикалната насока на гравитациската сила која е во спротивна насока од насоката на зенитот. Со спротивна насока се означува насоката на гравитацијата којашто е насочена кон надирот.

Зенит може да се користи како и име коешто означува успех и моќ.

Потекло Потеклото на зборот „зенит“ е праиндоевропско и се дефинира како '*mei-' („да се промени“). Во латинскиот јазик се сретнува како 'meare' („да се помине“). Со претставката 'sē-' („настрана“) се добива обликот 'sēmeare' („да се разграни“). Тогаш e обликувана именката 'sēmita' што означува странично („странично“). Кога Римјаните ја зазедоа Сирија, краток период пред времето на Христа, месните жители Арамејците го присвоиja зборот 'sēmita' како 'simta' („странично“). По заминувањето на Римјаните, и какошто Арапите ја заземаа земјата во век тие го презедоа арамејскиот збор 'simta' како 'samt' („настрана“) и од него изведоа нови астрономски изрази. Зборот „зенит“ потекнува од неточното читање на арапскиот израз (), што означува „насочување на главата“ или „патека над главата“, какошто е наведено во записите од средниот век на латински јазик (за време на век), а можно е и да потекнува од старите шпански записи. Подоцна беше сведено на 'samt' („насока“), а воедно и неточно запишан како 'senit'/'cenit', во текстовите „m“ било погрешно читано како „ni“. Во век за првпат се сретнува во старофранцускиот јазик зборот 'cenith', 'zenith'.

Значење и употреба

.

Поимот зенит понекогаш се користи за да се означи највисоката точка достигната од некое небесно тело во текот на својата привидна орбита од дадена точка на набљудување. Оваа значење на зборот често се користи да се опише местоположбата на Сонцето („Сонцето го постигнало својот зенит...“), но за еден астроном Сонцето нема сопствен зенит, и е во зенитот само ако е точно над него.

Во науката, зенитот е насоката со која се означува мерењето на аголот на зенитот, аголот помеѓу насоката во која се одвива набљудувањето (пример, ѕвезда) и локалниот зенит.

Во астрономијата, висината во хоризонтскиот координатен систем и аголот на зенитот се комплементарни агли, при што хоризонтот е нормален на зенитот. Астрономскиот меридијан исто така е определен од зенитот, и се опишува како круг на небесната сфера кој поминува низ зенитот, надирот и небесните полови.

Поврзано

Азимут Геодезија Историја на геодесијата Средина на небото Субсончева точка Зенитно растојание

Наводи

Категорија:Небесни координатни системи Категорија:Астрологија Категорија:Технички чинители во астрологијата