УЕФА Лига на шампиони 1993/94 — трета сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 40 сезона од основањето на натпреварувањето.
Финалето било одиграно на 24 мај 1995 на стадионот Ернст Хапел во Виена, каде што Ајакс со резултат 1:0 издвоил победа над Милан, бранител на титулата од претходното првенство, со тоа освојувајќи го својот прв трофеј во УЕФА Лигата на шампионите а севкупно 4. трофеј во најсилното европско натпреварување.
Формат Во споредба со претходното натпреварување во Лигата на шампионите, биле направени радикални промени во форматот на натпреварувањето, најмногу поради истекувањето на договорот помеѓу УЕФА и Европскиот радиодифузен сојуз околу пренесувањето на финалето, со тоа овозможувајќи општа измена на форматот кој би привлекол нови и побогати приватни телевизии.
Првата промена била заострување на критериумите за учество во Лигата на шампионите: освојувањето на титлата во државното првенство не давало автоматско право за учество на клубовите од сите држави членки на УЕФА, туку само за клубовите од најдобрите 24 рангирани федерации, додека прваците од останатите држави учесвувале во УЕФА купот.
По квалификациите, во кои 16 клубови се бореле за 8 места во главниот дел од натпреварувањето, почнувала Лигата на шампиони. Во првиот дел одигран наесен Лигата на шампионите се состоела од 16 клубови поделени во четири групи. Двата првопласирани клубови од секоја група продолжувале во елиминационата фаза, која се играла напролет.
Квалификации Првите натпревари се одиграле на 10 август, а реванш натпреварите на 24 август 1994 година.
Натпреварување по групи Натпреварувањето по групи се играло од 14 декември 1994 до 7 декември 1994. Група А
БАРГАЛГЕТМУ Барселона–2:11:14:0 Галатасарај2:1–0:10:0 Гетеборг2:11:0–3:1 Манчестер Јунајтед2:24:04:2– Група А 1. Гетеборг6411107+392. Барселона6222118+363. Манчестер Јунајтед62221111064. Галатасарај611439-63
Група Б
БМДКПСЖСПА Баерн Минхен–1:00:12:2 Динамо Киев1:4–1:23:2 Пари Сен Жермен2:01:0–4:1 Спартак Москва1:11:01:2– Група Б 1. Пари Сен Жермен6600123+9122. Баерн Минхен622287+163. Спартак Москва6123812-444. Динамо Киев6105511-62
Група Ц
АНДБЕНХАЈСБ Андерлехт–1:10:00:0 Бенфика3:1–2:12:1 Хајдук Сплит2:10:0–1:4 Стеауа Букурешт1:11:10:1– Група Ц 1. Бенфика633095+492. Хајдук Сплит622257-263. Стеауа Букурешт613276+154. Андерлехт604247-34
Група Д
АЕКАЈАКАСМИЛ АЕК Атина–1:21:30:0 Ајакс2:0–1:12:0 Касино Салцбург0:00:0–0:1 Милан2:10:23:0– Група Д 1. Ајакс642092+7102. Милан631265+1513. Касино Салцбург613246-254. АЕК Атина602439-62 1 На Милан му биле одземени 2 бодови поради проблеми со навивачите во мечот од второто коло против Салцбург.
Четвртфинале Првите натпревари се одиграни на 1 март, а реванш натпреварите на 15 март 1995.
Полуфинале Првите натпревари се одиграни на 5 април, а реванш натпреварите на 19 април 1995.
Финале
Најдобри стрелци Без головите од квалификациските натпревари Поз.ИграчКлубГолови1 Џорџ Веа Пари Сен Жермен72 Јари Литманен Ајакс63 Марко Симоне Милан44 Хосе Мари Бакеро Барселона3 Ромарио Барселона3 Христо Стоичков Барселона3 Клаудио Каниџа Бенфика3 Магнус Ерлингмарк Гетеборг3 Кристијан Нерлингер Баерн Минхен3 Мехмет Шол Бајерн Минхен3 Виктор Леоненко Динамо Киев3
Поврзано Куп на победниците на куповите 1994/95 УЕФА Куп 1994/95
Наводи
Надворешни врски Сезоната 1994/95 на официјалниот портал на УЕФА Резултати Спортска историја сезона 1994/95
Категорија:Сезони во УЕФА Лига на шампиони