Жан ле Рон д'Аламбер (; - ) — француски математичар, физичар и филозоф. Заедно со Дени Дидро, се едни од најпознатите енциклопедисти. Познат е по своите математички истражувања (диференцијални равенки, парцијални изводи).
Рани години Д'Аламбер е роден на 16 ноември 1717 година во Париз, како вонбрачно дете на љубовта помеѓу писателка и офицер. Неколку дена потоа мајка му го оставила на скалите на црквата Сен Жан ле Рон во Париз. Според обичаите, тој бил крстен според светецот на црквата. Д'Аламбербил сместен во сиропиталиште, но неговиот татко го пронашол и живееле заедно со жена на стаклар, Мадам Русо, со која живееле речиси 50 години. Детуш тајно платил за образованието на Жан Ле Рон, но не сакал неговото татковство да биде официјално признато.
Студии и подоцнежни години Д'Аламбер прво посетувал приватно училиште. Витезот Детуш му оставил на д'Аламбер годишна издршка од 1200 ливри по неговата смрт во 1726. Под влијание на фамилијата Детуш, на 12 годишна возраст се запишал на Јансенитскиот колеџ „Четири нации“ (познат и под името колеџ „Мазарен“). Тука студирал филозофија, право и уметност и се стекнал со диплома по уметност во 1735 година.
Кариера Во јули 1739 за првпат придонесува во полето на математиката со укажување на грешките кои постоеле во делото „L'analyse demontree“ (објавено во 1708 г. од страна на Шарл Рене Рено) во допис до Академијата на науките Во 1741 година, после неколку неуспешни обиди, д'Аламбер бил избран за член на Академија на науките. Подоцна во 1746 година тој бил избран како член на Берлинската академија и како член на кралското друштво во 1748 година. Во 1743 година го објавил неговот најголем труд, „Traité de dynamique“, во кој тој ги изнесува резултатите на своите истражувања за законите на движење.Pearsall, Judy; Trumble, Bill, Eds. (2001). The Oxford English Reference Dictionary. 2nd ed. Oxford University Press. ISBN 0-19-860046-1. p.32. Во 1754 година д'Аламбер бил избран за член на Француската академија () со работна задача секретар и останал на таа позиција сè до 9 април 1772 година. Бројот на членовите на оваа академија бил ограничен на 40, а тој го заземал 25 место во периодот од 1754 до 1783 година. Негов голем соперник во областа на математиката и физиката во Академијата на Науки бил Алекси Клеро. Сè до својата смрт, 1783 година продолжил да се занимава со научна работа.
Личен живот Ја напуштил семејната куќа во 1765 година за да може да ужива во платонската љубов со писателката Жили де Лепинас. Д'Аламбер бил редовен посетител во париските салони, посебно во оние на госпоѓицата Жоврен и госпоѓицата Де Лепинас. Таму ја запознал Дидроа.
Смрт Д'Аламбер починал од болест на мочниот меур. Поради своето изразено противење на црквата и атеизам бил погребан во необележен гроб.
Наводи
Категорија:Родени во 1717 година Категорија:Починати во 1783 година Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Атеистички филозофи Категорија:Француски математичари Категорија:Француски филозофи Категорија:Француски физичари Категорија:Членови на Француската академија Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Луѓе од Париз Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Апсолвенти на Паризкиот универзитет Категорија:Хидродинамичари Категорија:Починати во Париз Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Просветителски филозофи