Торстен Албиг (; р. во ) — германски политичар од Социјалдемократската партија на Германија. На покраинските избори во Шлезвиг-Холштајн во 2012 година, Албиг станал министер-претседател на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн во Северна Германија. Од 2009 до 2012 година бил градоначалник на Кил, покраинскиот главен град на Шлезвиг-Холштајн.

Албиг е оженет и има две деца.

Покраински избори 2012

Торстен Албиг бил предложен од неговата партија за министер-претседател во 2011 година по одлука на членството на партијата. На изборите во 2012 година, SPD освоил 30,4% од гласовите, недоволно да ја победи владејачката CDU која освоила 30,8% од гласовите. Обете, SPD и CDU, освоиле по 22 места во покраинскиот парламент, а изборниот резултат му дал право на Албиг да создаде владина коалиција со учество на Зелените и SSW, која е регионална партија и ги претставува данското и фризиското малцинство. Трите партии имаат тесно мнозинство во Ландтагот на Шлезвиг Холштајн со 35 од 69 места. Сепак, на назначувањето во парламентот, добил 37 од 69 можни гласа. Новосоздадената влада на Шлезвиг-Холштајн составена од SPD, Зелените и SSW никогаш претходно не била видена во германската историја.

Албиг го наследил Петер Хари Карстенсен на местото како министер-претседател на Шлезвиг-Холштајн.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Политичари од Социјалдемократската партија на Германија Категорија:Луѓе од Бремен Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година